• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Пушењето е штетно. Но дали знаете која е основната причина поврзани со заболувањата предизвикани од пушење?

12 јули 2021, 11:09
  • cподели

Фактот дека пушењето е штетно за здравјето е научно докажано со голем број научни студии. Затоа оние кои не пушат не треба да започнуваат, а за пушачите најдобриот избор е целосно да се откажат од пушењето. Здравствените власти во многу земји водат кампања против пушењето, а една од стратегиите за решавање на проблемот е да се намали ризикот.

Според СЗО, повеќе од 8 милиони луѓе умираат годишно од болести поврзани со пушењето, од кои 1,2 милиони се пасивни пушачи. За жал, луѓето од оваа група страдаат и од штетната навика на своите најблиски, бидејќи штетните состојки се содржани и се шират од чадот од цигари кој се создава при процесот на согорување на тутунот. Националната здравствена служба на Велика Британија NHS наведува дека пушењето е поврзано со зголемен ризик од развој на болести како што се кардиоваскуларни болести, ХОББ, рак на белите дробови (7 од 10 случаи се должат на пушењето цигари) и слично.

Овие факти се добро познати во јавноста, но можеби основната причина за болестите поврзани со пушењетое помалку позната.

Проблемот е во согорувањето

Кога цигарата гори, тутунот почнува да согорува и достигнува температура од 800oС. За време на процесот на согорување, честичките содржани во чадот се подложни на процес на термичко уништување наречено пиролиза, при кој се формираат чад и пепел. Чадот од цигари содржи повеќе од 6000 состојки. Во својот извештај за 2012 година, Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) идентификуваше список со 93 штетни или потенцијално штетни состојки содржани во чадот од цигари, кои имаат различни негативни ефекти - канцерогени (CА), оштетување на респираторниот систем (RТ), оштетување на кардиоваскуларниот систем (CT), репродуктивно и развојно здравје (RDT) и зависност (AD). Некои од честичките кои спаѓаат во повеќе од една категорија се:

  • Ацеталдехид – CA, RT, AD
  • Арсен – CA, CT, RDT
  • Бензен – CA, CT, RDT
  • Хром – CA, RT, RDT
  • Етил карбамат (уретан) – CA, RDT
  • Олово – CA, CT, RDT

Некои од овие состојки се користат во различни индустрии, за производство на бои, материјали и слично. Но дефинитивно немаат место во човечкиот респираторен систем.

Покрај овие состојки, чадот од цигари содржи многу други цврсти честички како катран и јаглерод моноксид, кои при вдишување се лепат на белите дробови и со нивната акумулација ја попречуваат нормалната функција. Штетата од акумулацијата на овие честички е толку голема и со долготрајни последици што се потребни години по откажувањето од пушењето за да се врати барем дел од нормалното функционирање на белите дробови и ризикот од развој на болеста да започне да се намалува. Јасно е дека начинот да се заштитиме од штетните ефекти на овие состојки е да не бидеме изложени на чад од цигари.

Никотинот е веројатно најпознатата состојка содржана во тутунот. Никотинот е алкалоид природно синтетизиран од растенија од семејството Solanaceae каде освен тутунот, припаѓаат и други растенија како домати, компири, модри патлиџани, чили пиперки и друго. Неговото име потекнува од латинското име на растението Nicotiana tabacum - вид тутун што најчесто се користи за комерцијални цели. Токму оваа состојка предизвикува силна зависност од цигари. Никотинот има силно влијание врз централниот и периферниот нервен систем и е поврзан со развој на некои васкуларни заболувања, но не е главната причина за болести поврзани со пушењето.

Аеросол или чад

Во уредите со загревање на тутун наместо согорување, тутунот се загрева на многу пониски температури - соодветно 350oC и 250oC. Со тоа значително се намалува формирањето на штетни и потенцијално штетни состојки, а некои од нив се и отсутни. Пареата што се ослободува од овие производи е аеросол - мали капки вода дисперзирани во воздухот, кои содржат никотин и значително помала количина и вид на штетни состојки, но нема цврсти честички.

Чадот содржи цврсти честички и илјадници хемиски состојки кои се генерираат со согорување на тутунот на високи температури, додека аеросолот формиран на пониски температури со испарување/кондензација има помалку сложен состав од чадот на цигарите и не создава цврсти честички. Ова е главната разлика помеѓу производите без чад (уредите кои го загреваат тутунот и електронските цигари) и конвенционалните цигари. Односно, поради загревање до пониски температури, аеросол кој испарува содржи значително помалку штетни и потенцијално штетни состојки.

Види повеќе:

Автор: ФМТКП ДОО Скопје

*Овој текст и анкетата се наменети за едукација со цел превенција од изложеноста на тутунски чад. Истиот не може во било која смисла да се доведува во врска со промоција и рекламирање на било кои категории на производи или индустријата.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.