• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Публиката бликаше од радост: Предлог за брак на сцената на Еми

18 септември 2018, 08:08
  • cподели

Најдобриот момент на овогодишното доделување на наградите Еми веројатно е предлогот за брак кој се случи на самата сцена.

Публиката со одушевување го проследи моментот кога Глен Вајс ја побара за жена саканата Џен.

Еми

Откако ја прими наградата Еми за режирањето на церемонијата Оскар, во својот говор тој откри дека пред само две недели ја изгубил неговата мајка, а потоа ги изненади сите со предлог за брак.

„Навистина сум благодарен што сум тука, но е слатко-горчливо. Личноста која би била најгорда во овој момент е мојата мајка, но таа почина пред само две недели. Моето срце е скршено, мислам дека никогаш нема да биде поправено, но таа е во мене и секогаш ќе биде. Мама секогаш веруваше дека треба да се пронајде сонцето во нештата и ја обожаваше мојата девојка Џен.“

„Џен, ти си сонцето во мојот живот и мама беше во право – никогаш не го испуштај сонцето. Се прашуваш зошто не сакам да те нарекувам моја девојка? Затоа што сакам да те нарекувам моја сопруга“ – изјави тој, со што ја исправи цела публика на нозе.

Додека Џен со широка насмевка се упатуваше кон сцената, тој шеговито ѝ рече: „Сè уште те немам прашано.“

„Ова е прстенот кој татко ми ѝ го стави на прстот на мајка ми пред 67 години. А за моите сестри и брат, не го украдов, тато знае дека го имам, ок? Џен, сакам да го ставам на твојот прст овој прстен кој мајка ми го носеше, пред сите овие луѓе и пред мојата мајка и твоите родители кои нè гледаат одгоре. Ќе се омажиш ли за мене?“ – рече Глен и веднаш добри потврден одговор од неговата сакана.

Видео од предлогот за брак

Еми Еми Еми Еми Еми Еми Еми Еми Еми Еми Еми Еми Еми

Ова е 11-та Еми награда за Вајс.

Tags
Еми 2018
Глен Вајс

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.