• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Првиот македонски Swatch Дениција го преврте светот – Новите сопственици од Дубаи до Австрија и Ирска, па сè до САД и Канада

17 декември 2021, 14:50
  • cподели

„Дениција“ првиот македонски Swatch заврши во рацете на колекционерите и вљубениците во македонската уметност и со тоа симболично се означи почетокот на фондацијата „Божиновски“ чија цел е да се поддржат младите креативци во Македонија.

Дениција

„Позитивно сме изненадени од големиот интерес за часовникот, но и на учеството од нашите лојални клиенти кои на овој начин дадоа поддршка на целиот проект. Покрај во Македонија, голем дел од часовниците завршија во рацете на своите идни сопственици во Дубаи, Ирска, Грција, Австрија, Финска, САД и Канада, кои се наддаваа телефонски. Бројката од триесет часовници беше симболична, но значењето на овој проект е со безвременска димензија и има за цел да ја поттикне креативноста во земјава, за заеднички да покажеме дека имаме со што да се пофалиме на светот, а Swatch како глобално познат бренд е одлично платно за постигнување на целта“, изјавија од Божиновски часовници и накит.

Дениција ДеницијаДубаи, Ирска, Грција, Австрија, Финска, САД и Канада се земјите покрај Македонија каде ќе отпатува „Дениција“ кај своите идни сопственици.

Часовникот „Дениција“, потпишан од Зоран Кардула е првиот Swatch од планираната едиција „Своч на Кирилица“, платформа која симболично ја одбележува триесетгодишнината од независноста на Македонија. Во периодот кој следи во јавноста ќе бидат претставени и следните часовници, со дизајни кои ќе бидат избрани на конкурс, а на истиот ќе можат да учествуваат сите заинтересирани уметници, дизајнери и илустратори.

„Нашата цел е платформата да функционира како заокружен еко систем. Започнувајќи од мотивирање на креативците да учествуваат на конкурсот и да креираме часовник со нивниот дизајн, па преку продажбата и собраните средства со помош на фондацијата повторно да завршуваат во рацете на младите креативци со цел да ги поттикнеме да творат и да веруваат дека за добрите идеи само небото може да биде граница“, објаснуваат од Божиновски.

Дениција Дениција Дениција Дениција Дениција

Целиот проект преку фондацијата има за цел времето и воздухот во нашата земја да го исполни со креативност и со чувството на возвишеност која креативноста го буди. Од „Божиновски часовници и накит“ веруваат дека и следните часовници од едицијата што ќе ги издадат, ќе ги предизвикаат истите воздишки и возбуда како што тоа го направи „Дениција“ – првиот македонски Swatch.

Tags
Дениција
Swatch
Божиновски часовници и накит

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.