Први снимки од свадбата на Мелина Џиновиќ додека Харис категорично изјави: „Таа не постои за мене и крај“
Мелина Џиновиќ викендов стапи во брак со милионерот Џефри Пол Арнолд на луксузни церемонии во Монако и Италија.
Со венчавањето, модната креаторка официјално го зеде презимето на 70-годишниот Британец, па отсега ќе се потпишува како Мелина Арнолд. Претходно, таа беше во брак со пејачот Харис Џиновиќ.
Гламурозната двојка пристигнала пред општината во скап олдтајмер вреден околу 330.000 евра, додека силно обезбедување се грижело за нивната приватност.
Наместо класична венчаница, Мелина избрала елегантен бел фустан од Диор, изработен по мерка, чија вредност се проценува на околу 8.000 евра.
45-годишната Босанка ја комбинирала креацијата со сандали и накит од истиот бренд.
По граѓанската церемонија на Азурниот брег, младенците заедно со гостите се упатиле кон Италија, каде во Портофино се одржала главната свадбена прослава.
Дел од гостите патувале со хеликоптери и јахти, а биле сместени во еден од најлуксузните хотели, кој е омилен на светската елита.
Додека Мелина ужива во новото поглавје од животот, Харис даде брутално искрена изјава која ја шокираше јавноста.
Ништо не ме интересира. Немам никакви желби ниту пораки поврзани со неа, таа едноставно не постои за мене и тоа е крај. Чиста арија. Како воздух... според тоа, што треба јас да коментирам за нешто што е ништо?
Јас одамна продолжив понатаму... какви разводи, какви венчавки... да не бев јас Харис Џиновиќ, ништо од сето тоа немаше да биде гламурозно – рекол тој.
Харис и Мелина се запознале во 2002 година, а се венчале 12 години подоцна. Заедно имаат две деца, ќерката Џина и синот Кан.
Поранешниот пар се раздели во 2024 година по 22 години брак.