Први фотографии: Никола Карабатиќ се ожени со саканата со која е заедно 15 години и има две деца
Никола Карабатиќ заплива во брачните води. Легендарниот ракометар се заколна на вечна љубов со својата партнерка Жералдин Пиле, со која е заедно 15 години.
Ракометниот великан, кој во моментов е во пензија и важи за еден од најдобрите играчи на сите времиња, убавата вест ја откри споделувајќи мал фото-албум на социјалните мрежи.
„Господин и госпоѓа Карабатиќ“ - напиша тој.
Шармантната невеста блескаше од среќа облечена во елегантен бел костум.
Никола и Жералдин се заедно до 2011 година и имаат две деца, синот Алек и ќерката Нора.
Иако славниот ракометар ретко зборува за приватниот живот, низ годините неколкупати истакнал дека токму семејството и поддршката од Жералдин му помогнале да ја одржи рамнотежата покрај напорната спортска кариера.
Среќната двојка се вери во октомври минатата година.