• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Првата продавница на H&M во Скопје се отвора на 18 август

3 август 2022, 13:15
  • cподели

Шведскиот моден бренд H&M ја отвора својата прва продавница во Северна Македонија, во Ист Гејт Мол Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Купувачите ќе имаат можност да добијат попусти до -50% на одбрани парчиња, во периодот од 18 до 21 август. Исто така, на денот на отворањето, првите 100 купувачи ќе добијат H&M картички за подарок во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 за третиот и по 1.000 денари за останатите.

H&M

„Многу сме среќни што конечно ја отвораме нашата прва продавница во Скопје, во еден од најголемите трговски центри во целата земја. Ова е одлична можност и возбудлив предизвик да го прошириме нашето физичко присуство на вака стратешки важна локација. Сакаме да продолжиме да инспирираме и да им дадеме можност на вљубениците во модата во Скопје да изгледаат и да се чувствуваат добро преку истражување на нивниот личен стил и правење на повеќе одржливи модни избори“, вели Томас Естрани, регионален Менаџер за продажба во H&M.

H&M H&M H&M

Новата продавница на H&M во Скопје се протега на 2.300 м2 и е дизајнирана согласно последните трендови, со цел да понуди модерно и пристапно шопинг искуство.

Нејзината разновидна понуда ќе вклучува широка понуда на облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња, како и модни додатоци. Продавницата ќе работи од 10:00 часот наутро до 22:00 часот во работните денови и во сабота, додека во недела ќе работи со скратено работно време, до 20:00 часот.

Tags
H&M

Најнови

  • Месечен хороскоп – МАРТ, 2026

    Sun, 03/01/2026 - 18:20
  • Златна бубамара 2026

    „Апсолутна власт, апсолутна забава“: Атмосферата и наградите на „Златна бубамара 2026“

    Fri, 02/27/2026 - 21:45
  • Вера Мештеровиќ на Златна бубамара

    Вера Мештеровиќ во гламурозна креација на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.