• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Прва свадба во Нотр Дам по 30 години: Дрводелец кој помогна да се обнови изгорената катедрала прв се венча во неа

26 ноември 2025, 10:16
  • cподели

Дрводелец, кој три години помагал во реставрацијата на Нотр Дам, е првата личност која доби дозвола да се венча во неа по обновувањето. Ова е прва венчавка во катедралата по три децении.

Мартин Лоренц се ожени со својата сакана Џејд пред 500 гости, меѓу кои имало и многу дрводелци кои дошле со секири за да оддадат почит на неговата работа. Тој се заколна на вечна љубов под готските сводови во чие обновување и самиот учествувал.

Сакам да ја споделам мојата љубов со целиот свет, со сите кои имаат потреба од неа. Само сакам да кажам дека ова е најубавиот ден во мојот живот – рекол Лоренц.

За да ја реконструира средновековната дрвена конструкција, која беше зафатена од пожар во 2019 година, Мартин рачно сечел греди од даб, користејќи алатки од 13 век. Додека траела реконструкцијата, тој добил идеја да се венча со саканата токму таму. Потоа побарал дозвола од архиепископот на Париз да се венча во катедралата, кој ја одобрил неговата желба како исклучок.

Венчавките во Нотр Дам се исклучително ретки. Само архиепископот може да одобри венчавка, а такви дозволи се дадени само неколкупати во нејзината 860-годишна историја. Последната венчавка таму била во 1995 година.

Кога младенците излегле од катедралата, десетици дрводелци формирале почесна стража, издигнувајќи ги своите секири за да ги поздрават.

Реконструкцијата на Нотр Дам чинела околу 700 милиони евра, а во неа беа вклучени 2.000 работници.


 

Tags
Нотр Дам

Најнови

  • Нема седмица без радост од голема добивка на инстант лотарија

    Thu, 11/27/2025 - 15:32
  • Дела од отпад од пакување, изработени од ученици од цела Македонија, од утре изложени во „Сити мол“

    Thu, 11/27/2025 - 14:20
  • Бреинобреин натпревар во Дубаи

    6 трофеи и 5 златни медали во Дубаи за мали математички генијалци од Македонија

    Thu, 11/27/2025 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.