• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Прва награда за македонските млади музичари!

22 јуни 2024, 08:22
  • cподели

Градот Охрид по 23 пат беше домаќин на интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“, на кој беа пријавени над 70 учесници од повеќе држави ширум светот.

На манифестацијата, која се одржа од 15 до 19 јуни, учесници од Германија, Иран, Кина, Албанија, Црна Гора, Чешка, Косово, Турција, Италија, Холандија, Словенија, Србија, Грција, Бугарија, Хрватска и Македонија се натпреваруваа во дисциплините виолина, пијано и камерна музика.

Лина, Антица и Ана

Клавирското трио од Охрид, составено од:

  • Лина Николеска (виолина) од класата на проф. Христина Пецакова Николеска;
  • Антица Николоска (виолина) од класата на проф. Мухамед Бајрам и
  • Ана Кузманоска (пијано) од класата на проф. Ана Ѓоргиоска,

освоија висока ПРВА награда и настапија на завршниот концерт во црквата „Св. Софија" на кој учество земаат најдобрите од сите категории. На овој концерт беа доделени и специјални награди, а една од нив е рецитал на фестивалот „Златна Лира", која отиде токму во рацете на нашите македонски претставнички.

Лина, Антица и Ана

На овој престижен натпревар интернационално жири е составено од меѓународно истакнати и признати музички изведувачи и педагози, а „Охридски бисери“ е член на Европската унија на меѓународни натпревари (EMCY), со цел промоција на млади музички таленти на европско ниво. Високите професионални стандарди кои се пропишани за учесниците влијаат на сериозноста на пропозициите на меѓународните натпревари, како и на неопходноста за високо реноме на членовите на жирито.

Лина, Антица и Ана Лина, Антица и Ана

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.