• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Прв во историјата: Дејвид Бекам доби ѕвезда во Холивуд, Викторија му честиташе со бакнеж

14 јуни 2026, 22:26
  • cподели

Дејвид Бекам испиша историја откако официјално доби своја ѕвезда на познатата Патека на славните во Холивуд. Со ова, тој стана првиот фудбалер во историјата на кој му е доделено ова престижно признание.

51-годишниот поранешен фудбалер беше награден за неговата клучна улога во подигнувањето на популарноста на фудбалот во Америка, како и за неговото огромно и долготрајно влијание врз спортот, шоу-бизнисот и глобалната поп-култура.

На свечената церемонија во Лос Анџелес, славниот спортист гордо позираше со својата сопруга Викторија и три од нивните деца, кои дојдоа да му дадат безрезервна поддршка на својот татко. Отсутен беше најстариот син на славниот пар, Бруклин, со кого долго време не се во добри односи.

„Имав прекрасни моменти во мојата кариера, но да бидам тука во Лос Анџелес и да добијам ѕвезда на светски познатата Патека на славните е навистина неверојатно“ - изјави Бекам, упатувајќи огромна благодарност до своето „неверојатно семејство“ и „прекрасните деца“.

Викторија му честиташе на саканиот со бакнеж и на Instagram напиша:

„Кога Дејвид првпат дојде во Америка, имаше сон. Да ја сподели својата страст за фудбалот и да го претвори во еден од најголемите спортови во САД.

Денес, неговото име се приклучува на Холивудската патека на славните. Тоа е доказ не само за она што го постигна, туку и за тоа каква личност е.

Честитки Дејвид, не би можела да бидам погорда на тебе. Сите те сакаме многу!!“

Дејвид ја доби поддршката и од Том Круз и Ева Лонгорија.

Tags
Дејвид Бекам

Најнови

  • Европско првенство во параглајдинг

    Македонија со европско сребро, Ана Бергер со злато – параглајдеристите испишаа историја во Крушево

    Sun, 08/23/2026 - 00:10
  • Александрос Косенас

    „Нептун“ кон ново поглавје: Интервју со Александрос Косенас, извршен директор на „Нептун Интернешнл“

    Sat, 08/22/2026 - 12:55
  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.