Христина Пан заедно со сопругот Петар и трите ќерки се на одмор во Грција.
Познатата инфуенсерка објави дека ова е нивниот прв заеднички одмор со три деца и сподели интересно видео од плажа, како и албум со фотографии.
На фотографиите се гледа како трите сестри уживаат во заедничките моменти додека си играат во водата или прават замок во песокот. Облечени во исти костими за капење, Тара, Хана и Калија се навистина преслатки.
Во претходно интервју за Фемина, Христина сподели емотивни моменти од двегодишната борба на Тара со ракот, како и нивниот живот по извојуваната победа:
„Тара сега го живее детството без да е свесна низ што поминала, фала му на Господ што не се сеќава на ништо од таму, денес е пресреќно дете што и тоа како му се радува на животот. Има страшна емпатија кон сите, шири позитивна енергија и нема некој лично што ја запознал, а да не падне на нејзиниот шарм и позитивна енергија.
Ценам сѐ, ценам за некој можеби мали, обични рутински и секојдневни работи, а за мене големи... Животот поминат во болница, посебно кога се работи за твоето дете, ако го прифатиш и разбереш свесно, на правилен начин, може многу да те научи.“