• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Принцот Хари потврди дека е во врска со Меган Маркл, го осуди малтретирањето на славната актерка

8 ноември 2016, 12:43
  • cподели

Преку официјално соопштение од Кенсингтонската палата, принцот Хари потврди дека е во врска со американската актерка Меган Маркл и побара да запре „бранот од навреди и малтретирање“ кон неа.

Неколку недели, секој детаљ од животот на 35-годишната ѕвезда од серијата „Suits“ е анализиран и критикуван од медиумите и корисниците на социјалните мрежи, а не се малку и лажните информации кои се пласираат од страна на таблоидите.

Принцот Хари и Меган Маркл

Во соопштението на палатата се вели:

„Тој е свесен за големата љубопитност за неговиот приватен живот. Никогаш не се чувствувал пријатно поради тоа и се трудел да развие дебела кожа за нивото на медиумски интерес.“

„Но, во изминатата седмица, се премина линијата. Неговата девојка, Меган Маркл, е мета на бран од навреди и малтретирање. Некои од нив се јавни – оцрнување на насловната страница на национален весник, прикриен расизам во колумни и отворен сексизам и расизам од троловите на социјалните мрежи и во коментарите на статиите на интернет. Некои од нив се скриени од јавноста – ноќните правни битки за да се спречи печатење на клевети во весниците, борбите на нејзината мајка да мине меѓу новинари и фотографи за да стигне до својата влезна врата, обидите на новинари и фотографи незаконски да пристапат до нејзиниот дом и повиците кон полицијата кои следат, обидите на весниците да го поткупат нејзиниот поранешен партнер, бомбардирањето на секој пријател, колега и сакан во нејзиниот живот.“

„Принцот Хари е загрижен за безбедноста на госпоѓица Маркл и е длабоко разочаран што не може да ја заштити. Не е во ред по само неколку месеци од почетокот на врската со него, госпоѓица Маркл да е подложена на ваква бура. Тој знае дека коментаторите ќе речат „ова е цената која таа мора да ја плати“ и дека „ова е дел од играта“. Тој не се согласува со тоа. Ова не е игра – ова е нејзин и негов живот.“

Со ова писмо, принцот Хари бара новинарите да размислат за можните последици пред да биде направена штета.

Меган Маркл

Меган, која е позната по улогата во ТВ серијата „Suits“, е хуманитарка и поборничка за родова и расна еднаквост. Поддржувајќи ја кампањата World Vision Clean Water, таа неодамна ја посети Руанда.

Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл
Tags
принцот Хари
Меган Маркл

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.