• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Принцот Хари и Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од кралските должности

8 јануари 2020, 21:55
  • cподели

Принцот Хари и Меган Маркл најавија дека на одреден начин се дистанцираат од кралското семејство. Славниот пар соопшти дека се повлекува од кралските должности и дека ќе работи на финансиска независност. Тоа би значело дека веќе нема да добиваат пари од фондот наменет за британското кралско семејство и финансирање на нивната работа.

Принцот Хари и Меган Маркл

„По неколкумесечни размислувања и приватни дискусии, избравме оваа година да преминеме кон исцртување на нова прогресивна улога во рамките на оваа институција. Нашата намера е да отстапиме од улогата на постари членови на кралското семејство и да работиме да станеме финансиски независни додека продолжуваме целосно да ја поддржуваме Кралицата. Поради вашата поткрепа, особено во изминативе години, се чувствуваме подготвени да го направиме овој чекор.“

„Сега планираме да го распределиме нашето време помеѓу Обединетото Кралство и Северна Америка. Овој географски баланс ќе ни овозможи да го растеме нашиот син оддавајќи ѝ почит на кралската традиција во која беше роден додека истовремено ќе му дадеме на нашето семејство простор да се фокусира на следното поглавје, вклучително и лансирањето на нашиот нов хуманитарен ентитет“ – се вели во нивното соопштение.

Популарната двојка ќе продолжи да живее во Виндзор кога ќе престојува во Велика Британија, но ќе има и свој дом во Северна Америка. Исто така, тие најавија дека ќе комуницираат со медиумите и јавноста многу поотворено и позачестено.

Принцот Хари и Меган Маркл

Изминативе месеци, Хари и Меган многу често беа критикувани од одредени таблоиди. Од нивната одлука да летаат со приватен авион, до трошоците за облека на Војвотката, негативните коментари пристигнуваа редовно. Исто така, наголемо се зборуваше и за тензијата во односите на Хари и Вилијам, па за многумина, денешната одлука на кралскиот пар не е изненадување.

Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл
Tags
принцот Хари
Меган Маркл

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.