• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Принцезата Кетрин и Џеси Џеј топло се прегрнаа по нивните битки со ракот: „Имав рак, само сакам да те прегрнам“

20 ноември 2025, 09:10
  • cподели

Принцезата Кетрин и Џеси Џеј имаа емотивна средба по нивните тешки, но храбро водени битки со ракот. Фотографиите на кои се прегрнуваат го обиколија светот.

Сопругата на принцот Вилијам и познатата музичарка се сретнаа на годинешниот настан Royal Variety Performance во Лондон и топло се прегрнаа во знак на разбирање и поддршка.

Принцезата Кетрин и Џеси Џеј Принцезата Кетрин и Џеси Џеј Принцезата Кетрин и Џеси Џеј Принцезата Кетрин и Џеси Џеј

Принцезата, која годинава откри дека е во ремисија по третманите со хемотерапија, разговараше со Џеси Џеј, која летово помина низ мастектомија поради рак на дојка.
Двете се најдоа една до друга во редот на изведувачи и гости, а средбата брзо прерасна во искрен и емотивен момент.

„Имав рак на дојка. Само сакам да те прегрнам. Ракот навистина го менува погледот на животот“ – ѝ рече Џеси на Кетрин. Кетрин ја прифати прегратката и двете кратко поразговараа за шокот и неизвесноста кои ги носи дијагнозата.

Принцезата Кетрин и Џеси Џеј  Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин и Џеси Џеј

Џеси Џеј исто така настапи со новата песна „I'll Never Know Why“, посветена на нејзин бодигард, кој изврши самоубиство во 2018 година.

„Колку емотивна песна“ – ѝ рече принцезата по настапот, на што Џеси одговори: „Ова е многу важна тема. Едноставно тој ми недостига и сакам да им помогнам на другите“.

Принцот Вилијам ја охрабрил Џеси да се вклучи во неговите иницијативи за поддршка на менталното здравје.

Принцезата Кетрин и Џеси Џеј Принцезата Кетрин и Џеси Џеј

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.