• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Прилепска Пиварница со донација за Универзитетската клиника за урологија во Скопје

7 декември 2022, 06:30
  • cподели

Прилепска Пиварница денес ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за урологија во Скопје, преку набавка на медицинска опрема во согласност со потребите на клиниката во вкупна вредност од 400.000 денари.

Прилепска Пиварница

Прилепска Пиварница во ноември преку својот бренд Златен Даб ја спроведе кампањата „Мовембер – На здравје, за машкото здравје“, со која се приклучи кон глобалното движење за подигнување на свесноста за поголема (редовна) грижа за машкото здравје.

Комуникацијата за кампањата „Мовембер“ се одвиваше преку специјално дизајнирани етикети на стаклените шишиња Златен Даб, директно ја таргетираше машката популација и придонесе за подигнување на свесноста за вршење редовни прегледи и рана детекција на тешки заболувања. Во текот на кампањата Прилепска Пиварница од секое купено пиво Златен Даб во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, одвојуваше одреден паричен износ наменет како донација што изнесува 400.000 денари.

„Во целиот свет месецот ноември беше во знакот на машката популација и се одбележуваше со различни активности за подигнување на свеста за две чести заболувања кај мажите, какви што се ракот на тестиси и ракот на простата, но и општо одржување на психофизичкото здравје на мажите. Симболично обележје на Мовембер се мустаќите, а нив можевте да ги забележите на етикетите на стаклената амбалажа на Златен Даб 0,33л и 0,5л. Задоволни сме што може да помогнеме и истовремено да поставиме позитивен пример за грижа и солидарност“ – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Прилепска Пиварница за првпат оваа година се придружи на глобалната иницијатива за подигнување на свесноста за поголема грижа за целокупното машко здравје, апелира за редовна посета на лекар, вршење контроли и рано откривање тешки болести.

Tags
Прилепска Пиварница

Најнови

  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • „Најубавата година во мојот живот“: Ирина Дишо со слатко видео за првиот роденден на ќеркичката

    Tue, 01/13/2026 - 09:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.