• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Приказната на „македонската Пепелашка“: Нермина Џафероски од трошна куќа во Велес стигна до живот од соништата во Америка

15 септември 2026, 20:10
  • cподели

Од трошна куќичка во Велешко, каде осумчлено семејство делело две соби и еден ходник, до живот во Чикаго и кариера во светот на луксузниот ентериер – ова е неверојатната животна приказна на Нермина Џафероски.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nermina Dzaferoski (@nerminadzaferoskinina)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nermina Dzaferoski (@nerminadzaferoskinina)

43-годишната Македонка го поминала детството во скромни услови, а на само 14 години се соочила со разводот на родителите и со одлуката на татко ѝ дека нема да продолжи со средното образование. Наместо да се помири со тоа, Нермина заминала со мајка си во Нови Пазар, каде продолжила да се школува и паралелно работела во пекара.

На 18 години го запознала идниот сопруг, а нивната љубовна приказна набрзо ја одвела преку океанот.

„Одлучивме да се земиме... Јас избегав бегалка за него“ – раскажала таа во подкастот „Марија во Америка“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nermina Dzaferoski (@nerminadzaferoskinina)

Преселбата во Чикаго била нов почеток. Прво работела како чистачка со свекрвата, а потоа како фризерка и организаторка на приватни забави, додека го совладувала англискиот јазик и се адаптирала на новата средина.

Со текот на годините, Нермина го изградила животот за кој некогаш можеби само сонувала. Денес е успешна дизајнерка која работи со луксузни завеси и ентериери, а во текот на кариерата влегувала во домови вредни и до 20 милиони долари.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nermina Dzaferoski (@nerminadzaferoskinina)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Custom Drapery Workroom, Inc. (@custom.drapery.workroom)

Заедно со сопругот, кого го опишува како своја најголема поддршка, имаат четири деца.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nermina Dzaferoski (@nerminadzaferoskinina)

И покрај успехот и животот во Америка, таа не ги заборава своите корени и често се враќа во Македонија.

Нејзината приказна е доказ дека местото од кое започнуваме не мора да ја одреди нашата крајна дестинација и дека понекогаш најтешките почетоци се токму она што нè прави доволно силни да стигнеме далеку.

Целосната животна приказна на Нермина е раскажана во поткастот „Marija vo Amerika“:

Tags
Нермина Џафероски

Најнови

  • Приказната на „македонската Пепелашка“: Нермина Џафероски од трошна куќа во Велес стигна до живот од соништата во Америка

    Tue, 09/15/2026 - 20:10
  • Иднина која инспирира

    „Иднина која инспирира“: пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка

    Tue, 09/15/2026 - 15:23
  • Бојан Велевски

    „Chat GPT и Македонците“ тргнува на турнеја: Бојан Велевски ја става вештачката интелигенција на македонски тест

    Tue, 09/15/2026 - 14:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.