Премногу возбуда: Мисица се онесвести на сцената во моментот кога беше прогласена за победничка
Исчекувањето на прогласувањето на победничката на „Miss Grand International 2018“ очигледно беше премногу стресно за Клара Соса.
Во моментот кога беше објавено дека таа е добитничка на титулата, емоциите ја надвладеаја и се онесвести на сцената.
Откако доби помош да си ја поврати свеста од лицата кои веднаш истрчаа до неа, парагвајската убавица со широка насмевка ја прифати круната.
Видео
