• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Преку игра и забава децата од градинката Литл Ми учат за професиите: Екипата на Сити Радио им ги откри тајните на радиоводителството

18 јануари 2024, 15:48
  • cподели

„Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ е најчесто поставуваното прашање адресирано до дечињата. Нивните одговори се секогаш различни, уникатни и несекојдневни. Иако нивните желби се променливи, полицаец, наставник, доктор, пожарникар, фудбалер, уметник се можеби најчестите професии што се привлечни за децата.

Всушност, од нивниот одговор може да откриете многу, како на пример колкава е нивната самодоверба, што им го „краде“ вниманието, какви содржини гледаат на социјалните мрежи и слично. Токму затоа, струичниот тим од детската градинка Литл Ми, подготви работилница за децата преку која ќе ги запознаат професиите, ќе научат многу повеќе за позитивните и негативните страни што ги носи секоја работа. На овој начин ќе ја научат и најважната лекција во животот, односно ќе разберат дека знаењето и образованието се сила и моќ.

Љубопитноста кон професиите кои се поврзани со медиумите е голема, како за возрасните, така и за децата. Токму радиоводителството беше првата професија од серијалот; Учиме за професиите – нова активност во Литл Ми.

Секоја активност што ја подготвува тимот на Литл ми е претходно добро испланирана, па затоа и овој пат децата беа одлично подготвени со многу интересни прашања, но и потковани со информации за професијата радио водител. На сите нивни дилеми и прашања им одговори Сити радио, односно водителот Димитар Атанасовски кој со задоволство го прифати предизвикот да ја доближи својата професија до најмалите.

Литл Ми

Сити Радио, односно водителот Димитар беше одличен домаќин и благодарение на неговата подготвеност, разговорот со децата го прилагоди на нивото на нивниот интерес и љубопитство. Дечињата беа одлични гости во емисијата „Кажи да во два“, ги забавуваа слушателите и беа вистинско освежување во радио етерот.

Имаа можност одблиску да ја запознаат професијата радио водител, да научат од каде доаѓа музиката што ја слушаат кога се возат во автомобил до градинка и беа импресионирани што во моментот токму нив, ги слуша цело Скопје.

Веројатноста е голема дека доколку сега тие деца ги прашаме што сакаат да бидат кога ќе пораснат, нивниот одговор ќе биде радио водител.

Литл Ми Литл Ми Литл Ми

Децата од оваа радио-дружба со себе понесоа многу ведрина, знаење, нови информации и позитивни емоции, а нивните насмевки ги мотивираа воспитувачите и негователите да размислуваат на новата професија, која следно ќе ја разоткријат заедно.

Целата атмосфера од посетата на Сити Радио можете да ја погледнете на слениот линк - https://www.instagram.com/reel/C2NUTaSMill/.

Комерцијален текст

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.