• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Прекрасна случајност“ во Тирана: 10 акушерки од иста болница се бремени истовремено

19 септември 2025, 09:30
  • cподели

Необична, но топла и радосна вест доаѓа од Тирана.

Во породилиштето „Кралица Џералдина“, дури десет акушерки се бремени истовремено. Оваа ретка и емотивна случајност стана вирален хит во албанските медиуми и на социјалните мрежи, а за неа објави и албанскиот премиер Еди Рама.

„Прекрасна случајност: 10 акушерки од породилиштето ‘Кралица Џералдина’ се на истото мајчинско патување“ – напиша Рама на својот профил на Facebook, споделувајќи го овој радосен момент со јавноста.

И од самото породилиште го потврдија настанот, истакнувајќи ја посебната симболика што ја носи оваа состојба.

„Од рацете кои секојдневно се грижат за нови животи, до срцата кои сега носат нов живот во себе. Во породилиштето ‘Кралица Џералдина’, 10 мајки заедно го доживуваат чудото на бременоста“.

„Оние кои секој ден се грижат за сопругите, мајките и бебињата со врвна посветеност денес исто така го носат најголемиот благослов во себеси – животот. Редок дар кој сите нè возбудува“ – стои во објавата на болницата.

Најнови

  • Љупка Митрова разголена и атрактивна на идиличен одмор со сопругот на Санторини

    Wed, 07/29/2026 - 21:30
  • Светската тенисерка Јелена Докиќ и Македонецот Јане Веселинов заљубени и среќни низ Скопје и Охрид

    Wed, 07/29/2026 - 15:05
  • „Среќен роденден Пеки“: Сања Ристиќ со љубовни фотографии му го честиташе роденденот на Перо Антиќ

    Wed, 07/29/2026 - 13:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.