Прекрасна: Каролина Гочева атрактивна во црно во „Никад није касно“, откри како го запозна сопругот Михаил Корубин
Каролина Гочева беше гостинка во познатото шоу „Никад није касно“.
Македонската пејачка изгледаше атрактивно во црн стајлинг од Јована Зука како дел од првата емисија во новата 2026 година. 45-годишната музичарка го отвори шоуто со изведба на својата нова песна „Mog Života Dio“, а сними и интервју во кое одговори на повеќе прашања, меѓу кои и на тоа како се запозна со сопругот Михаил Корубин.
Каролина сподели фотографии од гостувањето и напиша:
„Вчера бев гостин жири во познатото тв шоу Nikad nije kasno. Ви благодарам на поканата, уживав со вас, до следен пат.“
Гочева сподели дека со Михаил биле во врска речиси две години пред тој да ја побара за жена и откри дека се запознале преку заеднички пријатели.
„Има речиси 10 години откако сме заедно... Скопје не е толку голем град. Имаме многу заеднички пријатели. Тука се разбира се и социјалните мрежи да ги поттурнат работите... Така отприлика“ – рече таа.