• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Предупредување од доктор за родителите: Две деца во Загреб трајно ослепиле поради игра со ласер

28 јануари 2026, 14:45
  • cподели

Во пет дена, две деца на возраст од 12 и 13 години во Загреб доживеале неповратно оштетување на видот поради изложеност на силни ласерски уреди купени преку интернет. Во двата случаи е утврдено тешко оштетување на мрежницата на едното око, со траен губиток на видот.

Станувало збор за многу силни ласери кои за секунди можат да запалат чкорче и пластика. Децата цел живот ќе имаат функционален вид само на едното око затоа што медицината, за жал, не може да ја поправи штетата нанесена на мрежницата. 

„Тоа се млади тинејџери кои од љубопитност го зеле ласерот кој се наоѓал во нивниот дом, а бил купен преку интернет. Ласерските зраци не болат, па детето не било свесно и поради тоа не верувало дека нешто може да се случи ако види како изгледа ласерскиот зрак“ – рекла проф. д-р Мирјана Бјелош, офталмолог од Клиничката болница „Свети Дух“.

Таа апелира до родителите и јавноста за сериозноста на ризиците поврзани со употребата на ласери. Докторката вели дека кај помалку силните ласери доволна е една секунда, а кај посилните милисекунда за трајно да се оштети видот. Оние со зелена светлина се поопасни одошто оние со црвена.

Во двата случаи ласерите биле добиени како подарок, купени преку интернет.

Доктор Бјелош советува доколку некоја ознака на производ им е сомнителна на родителите, подобро е таквата играчка да не им ја даваат на децата.

Таа нагласува дека овие повреди не се резултат на болест или генетски фактори, туку на околности кои можеле целосно да се избегнат. Таа предупредува дека детскиот вид е исклучително чувствителен, а оштетувањата настанати во детството имаат доживотни последици кои влијаат врз образованието, безбедноста и квалитетот на животот.

„Губитокот на вид кај дете не е само медицински проблем, туку длабока промена во начинот на кој тоа го доживува светот“ – истакнува таа, повикувајќи на поголема контрола, регулација и одговорност при купување и користење технолошки уреди наменети за деца.

„Сите ласери со моќност поголема од еден миливат можат, доколку се насочат директно во окото, да предизвикаат трајно оштетување на видот“ – додава Бјелош.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by RTL Danas (@rtl_danas_)

Tags
ласер

Најнови

  • Предупредување од доктор за родителите: Две деца во Загреб трајно ослепиле поради игра со ласер

    Wed, 01/28/2026 - 14:45
  • Реплек со настан „Вежбај паметно“

    Оваа сабота едукативно со „Реплек“ и Елена Бубало: Совети за правилно вежбање

    Wed, 01/28/2026 - 14:36
  • Спотот за „Купи ме“ на Лозано

    „Купи ме“: Влатко Лозаноски со нова љубовна песна

    Wed, 01/28/2026 - 13:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.