• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Предлог за брак на „Илинденски денови“ во Битола: Пејачот Никола Зацевски ја запроси играорката Наталија на сцената

29 јули 2026, 10:26
  • cподели

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ годинава доби и романтичен шмек.

Веднаш по завршувањето на настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“ на платото пред Офицерскиот дом, познатиот битолски пејач и музичар Никола Зацески ја побара за жена својата долгогодишна девојка, талентираната игроорка Наталија Цветкова.

Никола клекна на колено во автентична македонска носија и го извади вереничкиот прстен, додека Наталија, облечена исто така во традиционална носија, со солзи радосници падна во неговата прегратка.

Бакнежот на сцената беше поздравен со громогласен аплауз.

На профилите на социјалните мрежи на „Илинденски денови“ беа споделени фотографиите, заедно со описот:

И љубовта е дел од традицијата ❤️

Има вечери кога фолклорот не се памети само по песната, играта и носиите.

Се памети и по моментите што засекогаш го менуваат нечиј живот.

По настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“, на сцената на 56. издание на „Илинденски денови“ се случи едно од најнеочекуваните и најемотивните изненадувања на фестивалот.

Пејачот и игроорец Никола Зацески, пред бројната публика, клекна на колено и ја побара за жена својата долгогодишна љубов Наталија Цветкова.

Облечени во македонска народна носија, тие создадоа слика што совршено го спои она што фестивалот го слави веќе 56 години 🔴 традицијата, припадноста и човечките вредности што се пренесуваат од генерација на генерација.

Аплаузите, насмевките и солзите радосници на нивните колеги од ансамблот и на публиката го претворија овој миг во уште еден незаборавен спомен од годинашното издание на „Илинденски денови“.

На младите Никола и Наталија им посакуваме нивниот заеднички живот да биде исполнет со истата љубов, почит и заедништво што вечерва ги почувствувавме сите.

Нека ова „да“ биде почеток на едно долго заедничко оро низ животот ❤️

Фотографии: Диоген Хаџи Kоста Милевски

Tags
Никола Зацевски
предлог за брак

Најнови

  • Предлог за брак на „Илинденски денови“ во Битола: Пејачот Никола Зацевски ја запроси играорката Наталија на сцената

    Wed, 07/29/2026 - 10:26
  • Нема пауза: 57-годишната Џенифер Анистон вежба и на луксузна јахта на одмор на Мајорка со дечкото и славни пријатели

    Wed, 07/29/2026 - 10:05
  • „Сите годишни времиња освен лето“: Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин во Варшава и Краков, уживаа на концерт на Hurts

    Wed, 07/29/2026 - 09:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.