• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Празнично дотерани: Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со трите деца на миса за Велигден

6 април 2026, 12:41
  • cподели

Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со децата присуствуваа на празнична миса по повод Велигден.

Кралскиот пар беше фотографиран додека со децата Шарлот, Џорџ и Луи се упатуваше на црковната служба во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор.

Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата

Додека машкиот дел од семејството беше стилски усогласен во елегантни костуми, Кетрин и Шарлот изгледаа шармантно во бежови и кафеави нијанси.

44-годишната идна кралица изгледаше отмено во кремов комплет од брендот Self Portrait, кој се состоеше од струкирано сако со нежни детали од чипка, елегантен ремен кој ја истакнуваше нејзината фигура и лелеаво миди здолниште. Нејзиниот монохроматски стајлинг беше совршено надополнет со впечатлива шапка во форма на капка украсена со ливчиња креирана од дизајнерката Џулиет Ботерил.

Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата

Од модни додатоци, Кетрин избра класични салонки од Ралф Лорен, мала чанта во карамела нијанса од брендот DeMellier и суптилен ѓердан со приврзок во форма на крст. Најголемо внимание привлекоа раскошните бисерни обетки кои имаат историска и сентиментална вредност, бидејќи биле свадбен подарок за покојната кралица Елизабета II од владетелот на Бахреин.

Принцот и принцезата од Велс ги пропуштија велигденските миси во 2024 и 2025 година откако Кетрин ја сподели тешката вест за нејзината дијагноза на рак, избирајќи празничните моменти да ги поминат приватно.

Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата
Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и децата

На традиционалното празнично собирање им се придружија и кралот Чарлс и кралицата Камила.

Кралот Чарлс и кралицата Камила
Tags
војвотката Кетрин
принцот Вилијам

Најнови

  • По 15 години борба со неплодност, пожарникар посвои бебенце оставено во кутија за напуштени деца

    Mon, 04/06/2026 - 13:50
  • dm на Жеска трка

    dm го заокружи учеството на „Женска трка“ со донација од 150 пакети со менструални производи

    Mon, 04/06/2026 - 13:23
  • Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со децата

    Празнично дотерани: Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со трите деца на миса за Велигден

    Mon, 04/06/2026 - 12:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.