• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Позитивната страна на социјалните мрежи: Девојка пронајде донор на бубрег преку TikTok

5 јануари 2024, 08:45
  • cподели

Социјалните мрежи имаат и добри и лоши страни. Една позитивна случка покажа дека TikTok може да биде извор на убави приказни кои вреди да се раскажуваат.

Девојка од Оклахома случајно пронајде донор на бубрег токму преку TikTok.

Кејти и СаванаЛево: Савана, Десно: Кејти

Кејти Халум, со дијагноза ИГ-А нефропатија (Бергерова болест), преку комично видео сподели дека има потреба од трансплантација на здрав бубрег од личност со нулта крвна група.

Овој видеозапис случајно пристигнал до Савана Сталбаумер, која веднаш ѝ оставила коментар на Кејти. „Каде можам да се тестирам?“ – стоело во пораката.

По неколкумесечни тестирања, се открило дека Савана е совршен донор за Кејти.

Така, добродушната девојка одлучила лично да ѝ ја соопшти оваа вест на болната девојка. Таа отишла во ресторанот кадешто била Кејти со своето семејство и носела транспарент на кој пишувало:

„ВЕСТ НА ДЕНОТ: Ќе добиеш нов бубрег“.

Кејти Халум и Савана

Савана била решена да ѝ помогне на Кејти и покрај тоа што постоела можност нејзиното тело да го отфрли донираниот бубрег по трансплантацијата. „Постоеше можност нејзиниот бубрег да умре во мене, а таа ми кажа дека ако тоа ми помогне да престанам со дијализа неколку години, дека не ѝ е гајле. Дека сака да го направи тоа“ – рекла Кејти.

„Не можев да поверувам дека некој кој едвај ме познава, сака да ми го спаси животот“ – дополнила Кејти, која ѝ напиша емотивна порака на својата хероина Савана.

Кејти Халум и Савана

„Савана, што можам да кажам? Зборовите никогаш нема да бидат доволни за да ја искажат длабочината на моите чувства за твојата жртва. Ми го спаси животот. Еднаш ми кажа дека сакаш да бидеш медицинска сестра затоа што сакаш да бидеш нечиј херој – но, можам да ти кажам дека веќе си мој херој. Премногу благодарна и почестена сум што беше подготвена да дадеш дел од себе за да ме спасиш.“

„Се сеќавам дека кога првпат влеговме во болницата заедно, прочитавме знак на кој пишуваше: ‘Низ овие врати минуваат обични луѓе кои прават извонредни работи’. Ние се насмеавме на тоа, но не можев да не помислам колку е тоа точно. Ти не си ништо помалку од извонредна. Драго ми е што Бог нè спои, бидејќи тоа што те запознав е само еден почеток на долгото патување полно со спомени споделени меѓу нас. Ти си многу повеќе од само моја пријателка и мој донор – ти си моја сестра. Те сакам, хероино моја“.

Трансплантацијата минала успешно и двете девојки излегле од операциите во добра состојба.

Кејти Халум и Савана Кејти Халум и Савана Кејти Халум и Савана Кејти Халум и Савана Кејти Халум и Савана
Tags
донор на орган
трансплантација

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.