• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Повеќе од 280 инјекции за тебе“: Моќна фотографија од бебенце сред шприцеви од инјекциите кои мајка му ги примала во бременоста

30 септември 2026, 13:40
  • cподели

За некои жени, патот до мајчинството е исполнет со страв, неизвесност и многу тешки моменти. 

Ангела Радуловиќ, која страда од тромбофилија, сподели моќна фотографија на која нејзиното бебенце лежи заобиколено со 280-те шприцеви од инјекциите кои таа ги прими во бременоста.

Во описот, фитнес инструкторката од Србија раскажа за нејзината борба и напиша дека „кога го гледа своето малечко во прегратка, сите болни моменти добиваат поинакво значење“. 

Пораката на Ангела е посветена и на сите мајки кои минуваат низ слична борба.

ВУК 🩵

Сега, додека те гледам, тешко е да се поверува низ што сè моравме да поминеме за да те запознаам 🙏🏻 Навистина не бев ни свесна колку една мајка може (и мора) да биде силна. И колку може СÈ 🙏🏻

Повеќе од 280 инјекции за тебе, сине. Дури и повторно да морам да поминам низ сето тоа, повторно би започнала од почеток! Би направила и 100 пати повеќе за тебе!

И ако никој од нашето опкружување не можеше да го забележи тоа, јас сум сигурна дека секоја од овие инјекции во себе носеше болка, радост, по некоја солза, неизвесност и најголема среќа, затоа што секоја од нив значеше еден чекор поблиску до тебе.

Имаше различни моменти, но никогаш не престанав да верувам во тебе. Знаев дека ми доаѓа другиот дел од мојата душа. Секоја од овие инјекции беше борба за тебе, за секое твое отчукување на срцето и за моментот кога ќе ни дојдеш... И дојде 💙

Прекрасно наше момче, Бог ни ја испрати најголемата среќа. Ти си мојата најголема борба и најубавата победа 🥰

Милион емоции додека го гледам ова и додека го пишувам, само за да им дадам поддршка на сите мајки кои се соочуваат со тромбофилија. Да знаете – вистински сте кралици! И да, сè ќе помине 🙏🏻

Верувајте! 💙

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ◽ ANDJELA RADULOVIC ◽ (@fitness_angela_)

Тромбофилијата е состојба при која постои зголемена склоност кон создавање крвни згрутчувања, а во бременоста може да бара посебно следење и терапија според проценката на лекарот. Кај дел од трудниците се применува терапија со антикоагулантни инјекции, со цел да се намали ризикот од тромбоза и други компликации.

Tags
тромбофилија
инјекции

Најнови

  • Талентираната Ивана наслика прекрасна илустрација која ги пречекува патниците на охридскиот аеродром

    Wed, 09/30/2026 - 22:40
  • „Повеќе од 280 инјекции за тебе“: Моќна фотографија од бебенце сред шприцеви од инјекциите кои мајка му ги примала во бременоста

    Wed, 09/30/2026 - 13:40
  • Чај

    За деновите кога посегнуваме по топол напиток: dm претставува три нови Mivolis производи

    Wed, 09/30/2026 - 13:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.