• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Потребна е поддршка за продолжување на програмите за намалување на штети од употреба на дроги

12 септември 2017, 10:14
  • cподели

ХОПС апелира за поддршката од граѓаните за продолжување на програмите за намалување на штетите од дроги. Со потпишување на петицијата, граѓаните од целата држава ќе ја дадат својата поддршка за иницијативата на Здружението на граѓани, ХОПС за финансирање на овие програми од буџетот на Република Македонија.

Петицијата за потпишување е достапна на линкот, а истата ќе биде поднесена до Владата како и до Министерствотоза здравство. Со продолжување на овие програми се спасуваат многу животи, а финансиската оправданост е потврдена и низ бројки, велат од ХОПС.

ХОПС

„Во државата активни се вкупно 17 програми за намалување на штетите. Нивната ефикасност и придонес кон подобрување на состојбите се гледа и од бројките, само 2 нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, во последниве десет години. Непреченото функционирање се покажа и како многу финансиски исплатливо. Затоа ги повикуваме граѓаните да се потпишат на онлајн петицијата, да ја дадат својата поддршка и со тоа да придонесат и самите за спасување животи и за намалување на негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги“, изјавуваат од ХОПС.

Со потпишувањето на петиција, како начин за пренесување на волјата на граѓаните, ХОПС ќе повика на донесување итно решение за обезбедување континуирана помош за граѓаните за превенцијата на ХИВ и за воспоставување соработка помеѓу Министерството за здравство и граѓанскиот сектор за донесување соодветни закони кои ќе гарантираат транспарентност, соодветна експертиза и долгорочна одржливост и развој на програмите за превенција на ХИВ.

ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија. Со кампањата се повикуваат носителите на одлуките за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.