Постара е од него, започнаа врска три дена по запознавањето... Сека Алексиќ покрај синовите и сопругот на неговиот роденден
Во домот на Сека Алексиќ вчера имаше посебен повод за славење.
Нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ го славеше 43-тиот роденден, а 45-годишната српска пејачка организираше прослава за најблиските пријатели и семејството.
Сека сподели фотографии и видеа од забавата под отворено небо со жива музика и напиша: „Среќен роденден на нашиот тато“.
Популарната музичарка и нејзиниот сакан позираа за семејни фотографии заедно со синовите Јаков и Јован.
Љубовната приказна на Сека и Вељко започнала сосема неочекувано во време кога тој работел како нејзин телохранител. Пејачката, која е две години постара од него, сподели дека уште на првата средба почувствувала дека токму тој е човекот со кого ќе го помине животот.
„Започнавме да соработуваме на 15 јули, на неговиот роденден. Веќе на 17 јули се бакнавме и започнавме врска“ – раскажа Сека, признавајќи дека токму таа го направила првиот чекор.