• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Последно збогум за „чаирскиот романтичар“: Ѕвездено небо, солзи и отпеани хитови во чест на легендарниот Владо Јаневски

1 јули 2026, 08:59
  • cподели

Емоции, солзи, запалени свеќи и поглед вперен кон видео-бимот каде се редеа спомените од неговата богата кариера... Вака изгледаше вчера платото пред Арената „Борис Трајковски“. Таму, каде што некогаш одекнуваше гласот на Владо Јаневски, сега се собраа обожаватели, пријатели и соработници за да му упатат последно збогум на легендарниот пејач.

Во атмосфера исполнета со длабока тага, но и со бескрајна љубов, беше оддадена почит на човекот чии стихови станаа синоним за љубовта на многу генерации.

Песните на „чаирскиот романтичар“ никогаш не беа само обични хитови. Тие беа и останаа сведоци на првите љубови, на скршените срца, на најубавите и најтажните моменти во животите на сите нас. Секој од присутните синоќа носеше свој личен спомен поврзан со неговите стихови.

Водител на овој емотивен собир беше Марко Марк, кој заедно со фановите ја отпеа безвременската „Некогаш и негде“. Во тој момент, стотици мобилни телефони се вклучија и создадоа магично ѕвездено небо во чест на Владо.

Присутни беа многу познати личности, меѓу кои и Ѓорѓе Давид, Слаткар, Силви и Влатко Плевнеш, Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски, Пајак, Лара Иванова, Огнен Здравковски, Стефан Филиповски, како и градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Од „Црно тиквешко“ и „Ако не те сакам“, па сè до „Евергрин“ и „И тогаш некоја будала“, неговиот ракопис остана единствен. Владо беше виртуоз на зборот, човек кој знаеше како најобичната човечка болка или радост да ја преточи во стих што се врежува во душата. Неговите рефрени не беа само забава, тие беа утеха за осамените, химна за заљубените и парче татковина за оние што се далеку од неа, особено кога ќе одекнеше „Дома си е дома“. 

Како прв претставник на Македонија на Евровизија со „Не зори зоро“, тој уште пред речиси три децении докажа дека неговиот талент ги надминува границите. Синоќа, додека во заднина тивко се слушаа неговите најголеми балади, стана јасно дека чаирскиот романтичар физички си замина, но неговиот глас засекогаш ќе остане врежан во нашите срца.

Фотографии: Благоја Цоканов / Femina.mk

Tags
Владо Јаневски

Најнови

  • Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2026

    Wed, 07/01/2026 - 11:25
  • По 10 години борба со неплодност и 5 неуспешни ин витро обиди, 38-годишна жена забремени со тројка во „Плодност“

    Wed, 07/01/2026 - 11:17
  • Антониа Гиговска се огласи по критиките дека не доела: „Мајчинството не се мери по начинот на кој го храните детето“

    Wed, 07/01/2026 - 09:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.