Еден фустан, три дами од шпанското кралско семејство: Принцезите Софија и Леонор во креација од плакарот на мајка им Летиција
Еден ист летен фустан трипати блесна на јавни настани благодарение на три дами од шпанското кралско семејство.
Станува збор за впечатлив сино-бел фустан на Desigual, дизајниран во соработка со Стела Жан, кој чини околу 200 евра. Фустанот првпат го облече кралицата Летиција во август 2023 година, на приемот за претставници на Балеарските Острови во палатата „Маривент“ на Мајорка.
Две години подоцна, во август 2025 година, истата креација ја носеше нејзината постара ќерка, исто така за прием во палатата „Маривент“. Принцезата Леонор го искомбинира со темносини еспадрили и златен накит.
Сега, дојде ред и на помладата ќерка на Летиција и кралот Фелипе. Принцезата Софија го избра истиот фустан за семејната вечера во ресторанот „Миа“ во Палма де Мајорка, по официјалните обврски на кралското семејство на островот.
Таа го искомбинира летното модно парче со бели еспадрили и едноставен накит.