• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Португалија им забрани на работодавачите да ги контактираат вработените по работното време

11 ноември 2021, 08:45
  • cподели

Во Португалија отсега е нелегално работодавачите да ги контактираат вработените по завршувањето на нивното работно време.

Според новите измени, компаниите се соочуваат со казни доколку комуницираат со работниците надвор од времето зацртано во нивните договори. Целта е да се врати балансот меѓу личниот и професионалниот живот на граѓаните кој сериозно беше нарушен од пандемијата, кога голем број работници беа принудени да работат од дома.

Португалија

Компаниите исто така треба да помогнат во исплаќањето на дополнителните трошоци предизвикани од работењето од дома, како повисоки сметки за електрична енергија и интернет. Вработените можат да ги запишат овие плаќања како работни трошоци.

Добри вести доаѓаат и за родителите со мали деца. Тие сега имаат право да работат од дома додека нивните деца да наполнат 8 години.

Кога е во прашање борбата со осаменоста кај работниците, работодавачите се задолжени да имаат работни состаноци „лице в лице“ со вработените најмалку еднаш на два месеци.

Споменатите измени нема да важат за компаниите со помалку од 10 вработени.

Tags
Португалија

Најнови

  • Елена Најдоски атрактивна во розова креација покрај сопругот во луксузниот хотел „Карлтон“ во Кан

    Mon, 08/10/2026 - 21:15
  • Алекс Ворен и Кувр Анон

    Алекс Ворен со сопругата во спотот за „Rescuer“, песната која ѝ ја посвети нејзе

    Mon, 08/10/2026 - 15:46
  • Водени лудории со децата, прегратки со саканиот Стефан: Катарина Ивановска ужива во Маврово

    Mon, 08/10/2026 - 15:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.