• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Поради нашите ќерки, ние стануваме посилни“: Блогерка со текст за предизвиците да се воспита девојче во овој свет

20 август 2021, 12:45
  • cподели

Иако можеби некои сметаат дека за да се израсне девојче се потребни светки и панделки, Даниела Шерман-Лазар е категорична дека најважното нешто што е потребно е СИЛА.

Популарната блогерка, која се залага за подобрување на менталното здравје и е мајка на три девојчиња, во текст опишува што треба мајките да им предадат на нивните ќерки.

Мајка и ќерка

- „О, ќе имаш девојче? Ќе ти требаат многу светки, принцези и панделки.“

- Обиди се повторно.

Бидејќи она што навистина ѝ треба на мајка на девојче е многу сила.

Бидејќи имаме огромна одговорност да воспитаме девојчиња во овој свет.

Треба да се погрижиме таа да биде безбедна и да е со став „Да, јас можам“.

Да се восхитуваме на нејзиниот силен карактер, а ако го нема, да ѝ ги дадеме алатките кои ѝ се потребни за таа никогаш да не се плаши да го користи својот глас за да се бори за себе (кога станува збор за соученик, за партнер, за иден работодавач, за кого било) и за другите.

Да ја пронајдеме нејзината страст за да не биде вовлечена во женска драма со нејзините пријателки.

Да ја охрабриме да ризикува, да трча и да вреска со возбуда, бидејќи тоа е живеење.

Да добиваме прегратка кога сме тажни, бидејќи таа знае дека добрината е супермоќ.

Да се увериме дека нема да се плаши да си ги извалка рацете, бидејќи животот е неред.

Да се увериме дека таа никогаш нема да престане да јаде сладолед без грижа на совеста.

Да се увериме дека знае колку вреди и која е, а не како изгледа и колку е тешка.

Да се увериме дека ќе ги поддржува другите девојчиња и ќе знае дека сестринството треба да биде полно со љубов и почит.

Да ѝ укажеме дека нејзиното ментално здравје е најважно и дека никој не е совршен. И дека барањето помош кога ни е потребна е храбра постапка.

Да, таа ќе се сомнева во себе, но ќе знае како да го надмине тоа.

Па, затоа погрижи се да имаш мотивирачки светки, принцези-воини и панделки како ласо.

Втор обид:

- „О, ќе имаш девојче? Ќе ти треба многу голема сила“.

- Вака е многу подобро.

Поради нашите ќерки, ние ќе ја добиеме таа сила и со тоа, ќе станеме подобри жени.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.