• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Полна сала и гласни аплаузи на светската премиера на филмот „Руини“ на Елена Чемерска во Шангај

15 јуни 2026, 13:49
  • cподели
Премиера на „Руини“ во Шангај

Полна сала за светската премиера на дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, во продукција на Синема Футура

На 14 јуни 2026 година, во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал, во Филм Арт Центар во Шангај премиерно беше прикажан филмот „Руини“. Проекцијата се одржа пред преполна сала и беше проследена со разговор со публиката, која со голем интерес ги сподели своите впечатоци за филмот.

Премиера на „Руини“ во Шангај

По проекцијата, следеше средба со бројните посетители, кои ги поздравија авторите со долги аплаузи и интерес за фотографирање и автограми.

Премиера на „Руини“ во Шангај
Премиера на „Руини“ во Шангај

Филмот е во режија на Елена Чемерска, а продуценти се Иван Унковски, Ивана Шекуткоска и Елена Чемерска. Копродуценти се Оливер Сертиќ и Ивана Нацева, а извршен продуцент е Атанас Георгиев.
Кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров и Марина Колоска, монтажата на Владимир Гојун и Горјан Атанасов. Композитор е Игор Василев Новоградска, дизајнер на звук на Лука Гамулин.

Филмот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), РТВ Словенија и во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, имплементиран од Хартефакт Фонд.

„Руини" е копродукција помеѓу Синема Футура и Минимал колектив од Македонија, Рестарт од Хрватска и Потем од Словенија, во соработка со Filmtrick.

Премиера на „Руини“ во Шангај
Tags
Руини
Елена Чемерска

Најнови

  • Емина Јаховиќ горда мајка на матурата на синот, Мустафа Сандал пристигна со новата сопруга

    Mon, 06/15/2026 - 13:54
  • Премиера на „Руини“ во Шангај

    Полна сала и гласни аплаузи на светската премиера на филмот „Руини“ на Елена Чемерска во Шангај

    Mon, 06/15/2026 - 13:49
  • Драган Б. Костиќ

    „За мене секогаш ќе остане човекот со најубавата насмевка“: Емотивно интервју со Елена, ќерката на Драган Б. Костиќ

    Mon, 06/15/2026 - 13:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.