• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Polleo Sport конечно во Македонија: Пристигна поддршка во борбата против лошите навики

22 април 2016, 09:00
  • cподели

Наскоро љубителите на здравиот и спортски начин на живот ќе можат на едно место да најдат сè што им е потребно во продавницата која во центарот на Скопје ќе ја отвори регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема Polleo Sport.

Компанијата Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана. По Италија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина, водечкиот мултибренд продажен центар во овој дел на Европа одлучи да ја стави на својата мапа и Македонија.

Polleo Sport

„Нашата мисија е константно да ги поместуваме границите во борбата против лошите навики. Да ги едуцираме луѓето за тоа колку е важна здравата исхрана и физичката активност за водење на квалитетен живот без болести, прекумерна телесна тежина и комплекси. Токму затоа во нашите продавници работат исклучиво луѓе кои се едуцирани да даваат совети за поактивен живот, поздрава исхрана и поефективно остварување на спортските и личните цели. Со нетрпение го очекуваме почетокот на дружењето во Македонија со сите оние чија цел е водење на поквалитетен живот“ – велат од Polleo Sport.

Во богатата понуда на овој продажен центар ќе се најде широка палета на суплементи, био и здрава храна, витамини, минерали, фитнес опрема, облека, обувки и сè што е потребно за вежбање и здрав начин на живот. На полиците во Polleo Sport ќе се најдат голем број на премиум брендови како што се Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta, Bad Girl, Zoe Leggings, и многу други.

Од 2013 година Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

За сите промоции и информации посетете го http://partizanska.polleosport.mk/ или http://polleosport.mk/

Tags
Polleo Sport

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.