„Погоди го името“: Антониа Гиговска и Благица Павловска со краток тизер ја најавија заедничката песна
Антониа Гиговска и Благица Павловска снимија заедничка песна.
Македонските музичарки ги здружија силите за новиот дует од кој споделија краток тизер на социјалните мрежи.
25-годишната Антониа и 67-годишната Благица заедно танцуваат во видеото со кое побараа од следбениците да го погодат името на песната.
Погледнете:
Тие најавија дека во песната ќе има и уште еден гостин, кој засега не е откриен.