• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Погледнав нагоре и тој ја држеше“: Џиџи Хадид се отвори за породувањето дома, без анестезија

4 февруари 2021, 20:43
  • cподели

Првиот едиторијал по породувањето, Џиџи Хадид го сними за „Вог“. Убавиот модел позираше за модната библија два и пол месеци по раѓањето на првото дете, а во интервјуто раскажа за доаѓањето на свет на ќеркичката Каи.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид

Хадид се породила дома, без епидурална анестезија, во присуство на нејзиниот сакан Зејн Малик, мајка ѝ Јоланда, сестра ѝ Бела и акушерка. Породилните болки ѝ траеле 14 часа.

„Кога ќе видиш некој да го направи тоа, започнуваш да го гледаш малку поразлично. Веројатно изгледав лудо“ – признава таа.

Целиот процес траел 14 часа пред да роди во базен во спалната соба, а кога Каи пристигнала, Зејн прв ја зел во рацете. „Бев истоштена, погледнав нагоре и тој ја држеше“ – раскажала Џиџи.

Џиџи Хадид

За силната болка, таа вели: „Знаев дека морам да одам длабоко. Знаев дека тоа ќе биде најлудата болка во мојот живот. Знам дека мајка ми и Зејн и Бела се гордееја со мене, но во одредени моменти гледав голем страв во нив. По сето тоа, се погледнавме со Зејн и си рековме нешто како ‘Ќе си дадеме време пред повторно да го направиме ова’“.

Џиџи Хадид

Ова е прво дете на Џиџи и Зејн, кои неколкупати ја прекинуваа и обновуваа врската од 2015 година наваму.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид
Tags
Џиџи Хадид

Најнови

  • Емотивен момент: Дарко Лазиќ ја расплака вдовицата на Тома Здравковиќ, па слезе од сцената и ја прегрна и бакна

    Thu, 10/01/2026 - 10:06
  • Ретро гламур: Каљтрина Круезиу како ѕвезда од златната ера на Холивуд на гала во Скопје

    Thu, 10/01/2026 - 09:30
  • Скандал во семејството на бившиот на Емина Јаховиќ: Сопругата на Мустафа Сандал на потерница, обвинета е за проневера од 197 милиони евра

    Thu, 10/01/2026 - 09:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.