• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Подзнак Скорпија

28 мај 2020, 20:05
  • cподели
Девојка со подзнак скорпија
Лицата со подзнак скорпија поседуваат магична харизма и за нив е важно да станат моќни во животот

Ако вашиот подзнак е скорпија, вие сте силна  личност со тврд карактер. Интелигентни сте и трошите огромна енергија залагајќи се за искреност и чесност. Како воден знак, пречесто реагирате емоционално, без објективно да размислите за фактите.

Во животот најпрво сте водени од вашите емоции. Ако во детството сте биле подложени на емоционална манипулација или загуба, вие не сте склони отворено да ги искажувате вашите чувства и потреби.

Оптимисти, интелигентни и пресметливи, вие секогаш избирате свој курс на дејствување. По секоја цена сакате да го следите тој ваш избран курс. Поседувате силна волја и карактер. Работите напорно, амбициозни сте и луѓето може да сметаат на вас. Бестрашни сте со силна морална совест и со развиена интуиција. Сакате да поставувате прашања за сè и да навлегувате длабоко во работите.

Карактеристично за вас е што многу лесно можете да ги прескокнете пречките кои стојат на вашиот пат. Наместо да го одвлечат вашето внимание, пречките ви се дополнителен стимул за да успеете и за да вложите повеќе енергија.

Една од професиите која најдобро ви одговара е детектив, затоа што ништо не може да остане во тајна кога ќе се замешате вие. Колку помистериозна е една работа, личност или задача, толку повеќе ѝ се посветувате. Лицата родени во подзнак скорпија поседуваат магична харизма.

Во комуникацијата со другите сте тврди и дури тврдоглави, а понекогаш сурови и инаетчии. Кога сте во врска, вие сте страсни и чесни, сè додека некој не ја повреди вашата гордост. Во таков случај знаете да бидете злопамтило. Не може да се одрече вашиот потенцијал за љубомора, посесивност и одмазда.

Поради вашата тврдоглава природа, на другите им и многу тешко да ве убедат да го промените вашето мислење и однесување или да ги смените лошите навики. Но, тоа понекогаш има и позитивни страни, затоа што луѓето околу вас ве почитуваат и ве сметаат за личност со цврсто мислење, непоколебливи, убедени во своите ставови и сигурни во успешниот крај.

♀️ Жени со подзнак Скорпија

Жените со подзнак скорпија се исклучително итри, интелигентни и често дури брилијантни. Нивната желба не е да стекнат големо богатство, а да се здобијат со моќ.

♂️ Мажи со подзнак Скорпија

Мажите со подзнак скорпија прилично лесно можат да бидат деконцентрирани од безизлезни ситуации. Нивната природа е совршена за работа со економски, човечки или природни ресурси.

И двата пола се љубители на задоволството, па често имаат проблеми во бракот, затоа што задоволството го бараат надвор од својот дом.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.