Ако вашиот подзнак е рак, вие имате многу сличен карактер со оние кои се во подзнак бик. Обожаватели сте на задоволството и релаксацијата. Но, вам ви недостига стабилноста и тврдоглавоста на биковите. Не само децата, туку и возрасните имаат бујна фантазија.
За вас емоционалната сигурност е многу поважна од материјалната. Реагирате емоционално на ситуациите, без објективно да ги земете во предвид фактите. Поемоционални сте од оние родени во знак рак, па оние со кои го поминувате најголемиот дел од времето имаат силно влијание врз вас.
Ако некој може да комуницира со секаков вид луѓе без разлика на интелект, воспитување, образование или карактер, тогаш тоа сте вие. Може да бидете многу срамежливи кога ќе се најдете во непозната ситуација или кога ќе сретнете тотален странец. Но, кога ќе започнете да се чувствувате комотно, вие станувате многу дружељубиви и најблиските пријатели ги сметате за дел од семејството. Тоа понекогаш има негативни последици, поради тоа што многу често сте натоварени со туѓите проблеми.
Имате многу добра меморија и ги помните речиси сите за вас важни ситуации. Пасивни сте кога треба да ги пребродите и да ги оставите зад вас несреќните емоционални ситуации.
Посветени сте на постигнувањето на вашите цели. Ги сакате предизвиците, затоа што тоа ви е дополнителен стимул да успеете. Но, недостигот на мотивација може да ве направи мрзливи и неорганизирани.
❤️ Подзнак рак во љубовта
Во љубовните односи сакате да ви биде пружена финансиска, физичка и емоционална сигурност од партнерот. Сакате партнерот да се грижи за вас и да ви докажува постојано колку е заинтересиран. Но, тука постои ризик премногу да ги натоварите околните со грижата за вас.
Jа употребуватe храната како средство за емоционално смирување.
♀️ Жени со подзнак рак
Жените со подзнак рак се кршливи и се препуштени на милоста на нивните променливи чувства. Всушност емоциите се нивни најголеми непријатели. Кога еднаш ќе научат да ги контролираат емоциите, тие се многу креативни. Идеални се за сопруги и мајки, но понекогаш се спремни на интриги.
♂️ Мажи со подзнак рак
Мажите со подзнак рак имаат вродена нежност во својот карактер, која им пречи на патот кон успехот. Склони се кон домашна работа како градинарство, готвење или уредување на домот. Многумина од нив се музичари, поети и голем дел имаат дарба за актерство.