Ако вашиот подзнак е лав, вие сте магнетски привлечни, брзо станувате центар на вниманието, а кога ги искажувате вашите чувства сте великодушни и страсни. Никогаш не штедите пози и гестови за да привлечете внимание. Но, понекогаш за таа цел ги преувеличувате работите и тоа ве прави во очите на другите неискрени.
Брзо знаете да ги оцените луѓето, како и нивните вкусови и околу вас прифаќате само луѓе кои имаат позитивно мислење за вас. Понекогаш дури избирате слаби и некреативни личности за пријатели, затоа што на тој начин повеќе може да ги истакнете вашите лични квалитети.
Возбудата во некои моменти може да ве натера страсно и искрено да правите некои работи, но лошото е што за кратко ги заборавате.
Вашата гордост е причината за вашите неуспеси, затоа што ви пречи да бидете искрени. Никогаш не ги признавате вашите грешки и порази, а од критичните ситуации преферирате да излезете со насмевка.
Не можете да ги одделите емоциите од егото, а тоа ве прави чувствителни на критики. Гордоста исто така е причината да не ги допуштате луѓето блиску до вас, затоа што според вас работите кои се во вашето лично пространство не треба да бидат споделувани со другите.
За вас успехот во професијата е многу важен стимул и се задоволувате само со видлив резултат. Способни сте да ги материјализирате вашите идеи за кратко време и ја вложувате во тоа целата ваша енергија.Многу сте тврдоглави и способни сте на лична жртва, за да ја постигнете целта во која силно верувате. Дури и кога има докази дека се стремите кон погрешни цели, за вас е тешко да го смените правецот и да продолжите во друга насока.
Агресивни сте кога станува збор за заштита на вашата лична слобода, но и за правата и слободата на другите.
По природа сте многу љубоморни. Сакате партнер кој ќе ви посветува многу внимание и кој ќе биде спремен да ги исполни сите ваши желби. Кога врската ќе заврши, вие страдате повеќе од повредено его отколку од скршено срце.
Жените се силни, материјалистки и преокупирани со својот статус. Но, исто така се способни да прифатат обврски и се однесуваат со достоинство, дури и кога се навредени.
Мажите се фалат самите себе и сакаат да го имаат последниот збор. Ги бараат добрите работи во животот и секогаш имаат големи планови. Кога големото богатство дојде во нивните раце, тие се дарежливи и знаат да го поделат со другите.