• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Подзнак Бик

28 мај 2020, 14:39
  • cподели
Девојка со подзнак бик
Жените со подзнак бик се независни и сметаат само на себе, а поседуваат зачудувачка внатрешна стабилност

Ако вашиот подзнак е бик, вие го сакате задоволството и повеќето од вас постојано се во потрага по него. Како земен подзнак, не ги прифаќате обврските кои произлегуваат од долгите врски и емоционалните обврски ги гледате само како ментална вежба. Не сакате да бидете избрзувани или да имате обврски. Но, кога еднаш емоционално ќе се обврзете за проект, идеа или личност вие се опседнувате и ви е тешко да го оставите.

Трпеливи сте, но многу често знаете да бидете тврдоглави и речиси никогаш не се предомислувате, т.е. кога еднаш ќе донесете решение, се придржувате до него без разлика на сè. Вие поседувате зачудувачка внатрешна стабилност и хармонија, кои имаат смирувачко дејство над другите и им даваат чувство на задоволство. Но, внимавајте таа ваша смиреност да не ве направи роб на рутините.

Ако некој треба да ве опише со еден збор, тој збор најверојатно би бил конзервативни. Разликата меѓу вас и овен е што вие не сте импулсивни. Иако ја имате истата цел - успехот, вие се стремите да го постигнете на конзервативен начин - преку тешка работа. Материјалните работи и богатството се многу важни за вас и понекогаш сте преокупирани со вашиот социјален статус.

Вие сте комуникативни, сензуални и сакате да стекнувате нови пријатели. Лојални сте, имате широк круг од блиски пријатели, но оние кои ќе ги прекршат ветувањата треба да бидат подготвени да ги сносат последиците. Имате многу силна меморија. Вие може да простите, но ретко заборавате. Некои од вас паметат лични навреди и разочарувања со години, трошејќи залудно време.

❤️ Подзнак бик во љубовта

Во љубовните односи имате потреба да бидете сакани и почитувани и секогаш сакате видливи докази за тоа, иако вие самите тешко ги покажувате вашите чувства. Познати сте по тоа што ги тестирате вашите партнери, со цел да откриете дали можат да издржат на предизвиците. Не сте љубоморни поради тоа што сметате дека цврсто го држите партнерот.

♀️ Жени со подзнак бик

Жените со подзнак бик се независни и сметаат само на самите себе. Во нивната природа е да трошат премногу пари во некои ситуации, а во други да бидат мизерни. За нив нема средина. Многу се чувствителни кога станува збор за нивната фигура.

♂️ Мажи со подзнак бик

Мажите се шармантни и дипломати во социјалните односи и многу чувствителни партнери во љубовните. Несебично се посветени на своите деца.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.