• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Подравка Македонија продолжува со поддршка на угостителските училишта: Да донираме за опремување на СУГС „Лазар Танев” - Скопје

21 мај 2025, 14:22
  • cподели

Подравка Македонија започна нов општествено одговорен проект,насловен како: „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“, со цел поддршка на средното училиште ,,Лазар Танев”, најголемото средно стручно училиште во нашата држава кое образува, воспитува и продуцира кадар за потребите на угостителско-туристичката индустрија на Република Северна Македонија.

Главната цел на проектот е подобрување на условите за практична настава за учениците, обезбедувајќи им поквалитетни ресурси за образование и усовршување во угостителската струка.

Оваа година, во рамки на проектот „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“, Подравка Македонија повторно ќе обезбеди донација за обнова на кабинетите за практична настава во угостителското училиште.

Подравка

Овој општествено одговорен проект трае од 15.5. до 30.6.2025 година, а за време на тој период, 1 денар од продажбата на селектирани производи на Подравка ќе биде наменета за поддршка на угостителското училиште ,,Лазар Танев”,. Собраните средства ќе се искористат за набавка и обнова на опрема во кабинетите за практична настава, со што ќе се унапреди образовниот процес за идните готвачи и угостителски стручњаци.

„Како компанија која вложува во заедницата, Подравка Македонија со особено внимание ги поддржува децата и младите. Угостителските училишта се клучни за развојот на нови кулинарски таленти и зачувување на нашето гастрономско и културно наследство. Ваквите иницијативи се наш начин да придонесеме за поквалитетно образование и да ја испромовираме домашната гастрономија. Горд сум што вложуваме во иднината на младите готвачи,“ изјави Ивица Саралиевски, директор на Подравка Македонија.

Подравка

Придонес за зачувување на традиционалните јадења

Како еден од лидерите во прехранбената индустрија во регионот и на пазарот на Република Северна Македонија, компанијата Подравка сака да им помогне на училиштата, но и да ја истакне важноста од зачувување на традиционалните јадења и кулинарското наследство на нашата држава. Преку едукација на учениците и пошироката јавност за културната вредност на домашната кујна, Подравка се стреми да обезбеди автентичните рецепти да се пренесуваат и негуваат низ генерации.

Затоа е креирана посебна платформа со фотографии, (https://donirame-za-ucilista.podravka.mk/) видеа и рецепти од традиционални јадења(https://youtube.com/playlist?list=PLrTHQ_bCnWD6tp8m8Lojo6Kv6ez9elXZF&si=jbirNOF7AacszRCE ), која ќе го зачува богатството на вкусови што ги поврзуваат генерациите.

За да го заокружи овој проект, Подравка ќе организира „мастерклас“ во училиштето „Лазар Танев“ во Скопје, каде што учениците со нивните ментори ќе готватпо познати рецепти за традиционалните јадења, како придонес кон зачувување на нашето гастрономско наследство и иднината на домашната кујна. Зготвените јадења ќе бидат донирани за деца од социјално загрозени семејства.

Проектот „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“ е продолжение на иницијативата на Подравка Групацијата од 2023 година, кога беа донирани средства за угостителското училиште од продажбата на селектирани производи под брендот Вегета.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.