• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Почнува Trash For Art 2016! Пријавете се и освојте 30.000 денари!

28 ноември 2016, 09:00
  • cподели

Уметничките дела не се ограничени само на веќе прифатените материјали прикладни за обработка. Голем број на уметници го јакнат своето уметничко јунаштво, барајќи инспирација во амбалажниот отпад што тие вешто го претвораат во дела на современата уметност

Најден, готов и веќе користен амбалажен отпад во последните децении е примамлива суровина за разни уметнички изрази, од дадаизмот до надреализмот и сите можни рецидиви на новите уметнички пракси. Поради тоа, но и од многу други причини, многу уметници и артисти за изработка на своите дела користат амбалажен отпад.

Пакомак

Пакомак, со организацијата на наградниот конкурс Trash for art 2016веќе шеста година по ред сака да ги охрабри уметниците да користат амбалажен отпад во својата уметност и со тоа да ги освестат останатите во врска со отпадот, поттикнувајќи ги на размислување како на креативен начин можат нешто старо и искористено да го претворат во нешто сосема поинакво, ставајќи го отпадот во контекст на уметноста.

Сите креативци, лица со магични раце и вештини за обработка и оваа година може да бидат дел од Trash for art 2016 и да креираат импресивни творби од стари гуми, хартија, лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси и обвивки, картон и многу друго.

Наградниот конкурс Trash for art 2016 е отворен за возрасни и за деца што ќе се натпреваруваат во три категории и тоа: градинки, основни училишта и поединци и останати институции.

Како и секоја година, во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди. Првопласираниот добива награда од 30.000 денари, второпласираниот 20.000 денари, односно 10.000 за третото место.

„Погледнете каков амбалажен отпад ви е достапен дома или распрашајте се кај поблиското семејство што користи највеќе од амбалажен отпад и почнете внимателно и трпеливо да собирате материјал за вашите дела. Инспирацијата е секаде во опкружувањето. Ги повикувам сите што сакаат да учествуваат во овогодинешниот Trash for art 2016 да ги пријават своите дела најдоцна до 20 декември во Конгресниот центар Александар Македонски (Универзална сала) во Скопје. Делата освен што ќе произлезат од страста и желбата да креирате нешто корисно од отпадот, дополнително и ќе пратите силна порака до останатите за состојбата со амбалажниот отпад во ова конзумерски ориентирано општество“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Амбалажниот отпад е материјал што во себе носи бескрајна количина на информации за нечии обичаи и однесување. Посегнувајќи по него, артистите го бришат тој идентитет и реупоребувајќи го, му даваат сосема нов живот.

„Сакавме да ги поттикнеме учесниците дека со воља, вештини и сосема малку или воопшто никакви вложени финансиски средства може да креираат нешто конкретно, функционално и убаво, а притоа да освојат вредни награди и да го добијат статусот на еколошки-ангажиран уметник“ - додава Брдароски.

Повеќе информации за правилата и за критериумите на конкурсот на следниот линк: Trash for art 2016

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.