„Почнавме двајца, сега сме четворица“: Александра Пријовиќ ја сподели првата семејна фотографија со бебенцето
Александра Пријовиќ се гордее со своето семејство.
30-годишната српска пејачка ја сподели првата фамилијарна фотографија по раѓањето на ќеркичката. На неа, Александра и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ позираат со 6-годишното синче Александар и со 3-месечната Ариа.
Александар ја бакнува својата заспана сестричка додека добива бакнеж од мајка си. Филип нежно ги прегрнува сите тројца.
„Пред 10 години почнавме како двајца. Денес сме четворица. Ти благодарам за 10-те најубави години Филип“ – напиша Александра.
Александра во септември го роди второто дете кое го има со Живојиновиќ, синот на сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ.