• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Почина раперот Кулио на 59 години, беше познат по хитот „Gangsta’s Paradise“

29 септември 2022, 06:55
  • cподели

Раперот Кулио издиша за последен пат на 59-годишна возраст.

Кулио

Музичарот, кој најмногу се прослави со хитот „Gangsta’s Paradise“, бил пронајден мртов во домот на негов пријател каде бил на гости. Неговиот менаџер ја потврди лошата вест и рече дека Кулио отишол во тоалет во домот на негов пријател, но кога не излегол подолго време, пријателот започнал да му довикува, а потоа влегол внатре и го пронашол Кулио на подот.

Наводно, причина за смртта е срцев удар, но тоа допрва ќе биде официјално соопштено.

Кулио

Раперот, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, во 1995 година го објави хитот „Gangsta’s Paradise“ за филмот со Мишел Фајфер „Dangerous Minds“. Песната брзо се искачи на врвот на листата Billboard Hot 100 и остана таму три недели, а во 1996 година на Кулио му донесе Греми за Најдобра соло рап изведба.

Кулио Кулио
Tags
Кулио

Најнови

  • Апел за помош за Ивана

    Времето е клучно: Апел за помош на Ивана, мајка на 7-годишно девојче која се соочува со карцином

    Sat, 04/25/2026 - 01:04
  • Средба во Алкалоид

    Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

    Fri, 04/24/2026 - 19:27
  •  Елена Лука

    30 години во градежништвото: Награда на Елена Лука за најуспешна жена менаџер

    Fri, 04/24/2026 - 16:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.