• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Почина музичката легенда Бони Тајлер, позната по хитови како „Total Eclipse of the Heart“ и „It’s a Heartache“

9 јули 2026, 11:51
  • cподели
Бони Тајлер

Светот на музиката ја загуби Бони Тајлер, препознатлива по уникатниот рапав глас. Велшката пејачка почина на 75-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди нејзиното семејство, наведувајќи дека починала во Португалија каде беше хоспитализирана подолг период.

Семејството и тимот на Бони се скршени од болка што соопштуваат дека Бони неочекувано почина минатата ноќ во болница во Португалија, како резултат на болеста од која се лекуваше.

Наскоро ќе издадеме дополнително соопштение, но засега бараме приватност за да се справиме со оваа трагедија.

Познатата пејачка итно беше оперирана на цревата во мај, по што беше ставена во индуцирана кома. Иако минатиот месец се разбуди, нејзината состојба остана критична и беше лекувана на интензивна нега.

Родена како Гајнор Хопкинс во 1951 година во Велс, талентираната пејачка својот пат кон ѕвездите го градеше долго и посветено. Уште на 17-годишна возраст започна да настапува по локални клубови, пеејќи разни жанрови пред да го пронајде сопствениот стил.

Нејзиниот заштитен знак, специфичниот и рапав глас, се појави како последица на операција на гласните жици во 1976 година поради појава на нодули како резултат на интензивните настапи во живо.

Кариерата ѝ доживеа вистински подем во 1977 година со хитот „It’s a Heartache“, но светската слава ја достигна во 1983 година кога соработката со Џим Стајнман ја роди безвременската „Total Eclipse of the Heart“. Оваа песна стана нејзин заштитен знак и светски феномен. На листата на големи успеси се приклучи и култната „Holding Out for a Hero“, која дополнително ја зацементира нејзината позиција во поп-културата.

Во текот на својата импресивна кариера, објави 18 албуми и заработи три номинации за наградата Греми. За нејзиниот огромен придонес во музиката, во 2022 година беше одликувана со Орден на Британската империја.

За нејзините обожаватели, Бони Тајлер ќе остане запаметена како артистка која искрено ја сакаше музиката, секогаш нагласувајќи дека нејзиниот успех е резултат на работа и љубов, а не на стремеж кон слава.

„Започнав да пеам кога имав 17 години и никогаш не помислив дека ќе го правам тоа на оваа возраст. Малку забавив, но сега знам дека никогаш нема да се пензионирам“ – изјави таа минатата година.

Tags
Бони Тајлер

Најнови

  • Браво! Градинарот Андреј исчисти и уреди запуштен двор на снемоштен маж кој не може го одржува сам

    Thu, 07/09/2026 - 12:30
  • Бони Тајлер

    Почина музичката легенда Бони Тајлер, позната по хитови како „Total Eclipse of the Heart“ и „It’s a Heartache“

    Thu, 07/09/2026 - 11:51
  • „Здраво, Хрватска!“ Криси Тиген и Џон Леџенд со четирите деца уживаа во Пула

    Thu, 07/09/2026 - 11:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.