• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Почина коосновачот на компанијата dm дрогерие маркт, Günter Bauer

8 октомври 2020, 07:10
  • cподели

Günter Bauer, коосновачот и член на компанијата dm дрогерие маркт Австрија / CEE, почина во својата 76-та година од животот. Тој, заедно со својот долгогодишен пријател и партнер Götz Werner, во 1976 година ја основа компанијата dm дрогерие маркт во Австрија.

Во следните години, тој учествуваше во успешното ширење на компанијата во единаесет земји. Благодарение на неговата работа и посветеност, денес подконцернот dm Австрија / CEE (Централна и Југоисточна Европа) работи со повеќе од 1.700 филијали, преку 21.000 вработени и остварува промет од речиси три милијарди евра. Со тоа dm важи за најголем дрогериски ланец во Европа.

Günter Bauer

Günter Bauer беше целосно посветен на својата визија да создаде деловно опкружување засновано на темели на вистински вредности и јасни ставови. Тежеше да создаде компанија која во центар го поставува човекот, како купувач, така и вработен, и која континуирано го унапредува своето работење, а во која довербата и почитта неизмерно вредат. Од друга страна, неговиот поглед на успехот се рефлектира во начелото дека е потребно компанијата да делува одговорно во пошироката заедница и дека општествено одговорното работење и фокусот на принципите на животната средина даваат конкретни и видливи резултати.

Компанијата dm дрогерие маркт повеќе од четири децении своите деловни активности ги заснова токму на животното дело, идеи и вредносни начела кои ги втемели Günter Bauer.

Најнови

  • Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

    Fri, 08/07/2026 - 16:31
  • Шпанскиот заводник се заљуби: Марио Касас со девојката Мелиса Пинто на патување во Намибија

    Fri, 08/07/2026 - 14:48
  • Намалување на штетите: помал ризик како реален чекор кон промена

    Fri, 08/07/2026 - 14:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.