• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

По Аца Лукас, во Македонија е приведена и Џејла Рамовиќ зашто настапувала без работна дозвола

1 декември 2025, 12:16
  • cподели

Уште една балканска музичка ѕвезда беше приведена во Македонија.

Џејла Рамовиќ настапувала со својот бенд во Кичево без соодветна работна дозвола кога полициските службеници влегле во објектот. Против сите пет лица е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево.

@dzejla.fan.stranica Mi se slažemo s vama 🤩 Nastup sinoć - Kičevo📍🇲🇰 #dzejlaramovic #dzejla #fyp #balkan #tajnaveza ♬ original sound - DzejlaRamovicfan

 

Победничката во „Ѕвездите на Гранд“, која настапувала во угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, во првото огласување пред јавноста тврди дека ја имале целата потребна документација и дека организаторот ги уверил дека ги има неопходните дозволи за настап.

Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа уредно подготвени и доставени до организаторот, со целосна постапка која редовно ја почитуваме при секое наше доаѓање во Северна Македонија. Организаторот нè увери дека ги обезбедил сите преостанати дозволи за одржување на настапот во согласност со договорот кој го имаме. И покрај тоа, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно уредна – рекла Рамовиќ.

Жал ми е за непријатностите што ги доживеаја сите коишто дојдоа на мојот настап. Ситуацијата настана поради причини на кои воопшто не можев да влијаам, ниту пак вината е моја или на мојот тим! Македонија е земја која многу ја сакам и секогаш со радост ѝ се враќам. Така ќе биде и сега, бидејќи веќе во петок се дружиме во Скопје - додала таа.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Tags
Џејла Рамовиќ

Најнови

  • Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2025

    Mon, 12/01/2025 - 14:22
  • По Аца Лукас, во Македонија е приведена и Џејла Рамовиќ зашто настапувала без работна дозвола

    Mon, 12/01/2025 - 12:16
  • Американската амбасадорка во Грција критикувана за проѕирниот фустан на формален настан во Атина

    Mon, 12/01/2025 - 11:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.