По 25 години љубов и 3 деца: Супермоделот Ева Херцигова се омажи во романтична венчаница во Италија
Ева Херцигова се омажи. По 25 години врска, популарниот супермодел стапи во брак со Грегорио Марсијаж со кого има три деца.
Романтичната прослава се одржа викендов во прекрасната црква Сан Вито во Торино, која беше украсена со омилените цвеќиња на Ева – рози во бела и праска боја.
Харизматичната убавица од Чешка до олтарот чекореше под рака со својот татко, додека младоженецот пристигна во филмски стил со луксузен Aston Martin V8, во придружба на нивните три сина: Џорџ, Филип и Едвард.
53-годишната невеста зрачеше од среќа во шармантна венчаница од брендот Lanvin.
Среќниот пар зад себе има изградено хармоничен заеднички живот и семејство, па венчавката претставуваше прекрасна прослава за сè она што веќе го создал заедно.
Ева се вбројува меѓу најпопуларните супермодели на 90-тите, а титулата светска икона ја стекна со култната и револуционерна кампања за Wonderbra и познатиот слоган „Hello Boys“, кој засекогаш ја промени модната рекламна индустрија.