• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Планинска идила и гласно „ДА“: Стефани и Тале се свршија на Доломитите

19 август 2026, 12:50
  • cподели

Спектакуларни планински врвови, бескрајни зелени падини и само тие двајца... Тале Коцевски избра восхитувачка сценографија на Доломитите за да ѝ го постави најважното прашање на Стефани Стојановска.

Предлог за брак на Доломити

По три години љубов, 32-годишниот велешанец ја запроси својата 26-годишна избраничка на Дантерцепиес, далеку од љубопитни погледи, токму онака како што таа отсекогаш посакувала.

Парот повеќе од една година живее и работи во Чешка, а романтичниот момент се случил за време на нивниот летен одмор во Италија.

„Тале ме запроси на едно прекрасно место на Доломитите, конкретно на Дантерцепиес. Кога претходно сум размислувала за моментот на запросувањето, мислев дека можеби нема да бидам премногу возбудена или изненадена, особено затоа што веќе подолго време живееме заедно. Но, кога дојде тој момент, емоциите целосно ме совладаа. Беше навистина посебно чувство и момент кој сигурно ќе го паметам цел живот“ – раскажува Стефани за Фемина.

Стефани Стојановска и Тале Коцевски
Стефани Стојановска и Тале Коцевски

Среќната девојка признава дека за време на патувањето помислила на можноста за запросување, но погледот ѝ бил насочен кон сосема друга италијанска дестинација.

„Очекував дека можеби ќе ме запроси во Тоскана, каде што го поминавме поголемиот дел од одморот. Но, кога помина целата Тоскана без запросување, си помислив дека можеби сепак и оваа година нема да има запросување и целосно се опуштив. 😊

Токму затоа запросувањето на Доломитите беше целосно изненадување. Не го очекував воопшто, а местото, моментот и целата атмосфера го направија уште попосебно. Беше толку романтично и прекрасно што навистина не можев да посакам подобро место за тој момент.“

Стефани Стојановска и Тале Коцевски
Стефани Стојановска и Тале Коцевски

Зад изненадувањето стоел план кој нејзиниот сакан го чувал во тајност. Ниту најблиските не знаеле што подготвува.

„Тале всушност сакал да ме запроси уште во Тоскана, но никако не успевал да го најде вистинскиот момент, бидејќи речиси секогаш имало многу луѓе околу нас. Претходно имавме разговарано дека јас не би сакала да бидам запросена на место каде што има многу луѓе, па затоа се одлучил тоа да се случи на Доломитите, каде што можевме да бидеме потполно сами. Сепак ме слушал кога сум му зборувала (се смее).

Што се однесува до организацијата, сè испланирал сам и никој од нашите блиски не знаел дека ќе ме запроси. Токму тоа, мислам, му помогна да остане целосно изненадување.“

Тале признава дека бил малку исплашен, а единствената грижа му била дали сè ќе оди според замисленото.

„Трема имав, но секако позитивна. За среќа, немаше ништо што би можело да го расипе изненадувањето, барем јас не почувствував такво нешто. Единствено малку се грижев дали ќе биде функционална жичарата и дали ќе можеме да стигнеме до врвот, каде што планирав да ја запросам. Но, и да се случеше нешто непредвидено, имав подготвено план Б. 😊

Чувството во самиот момент беше прекрасно. Искрено, не можам ни да го опишам со зборови.“

За него, одлуката за вереничкиот прстен била многу лесна.

„Што се однесува до изборот на прстенот, не ми беше толку тешко, бидејќи знам дека Стефи носи нежен и едноставен накит. Затоа се одлучив за ваков нежен и елегантен прстен, за кој мислев дека најмногу ќе ѝ одговара.“

Стефани Стојановска и Тале Коцевски
Стефани Стојановска и Тале Коцевски

Изговореното „да“ не брзале веднаш да го споделат со сите. Првите неколку часа по запросувањето си ги посветиле еден на друг.

„На планината немаше сигнал, па така ова прекрасно изненадување си го оставивме неколку часа само за нас двајца. Убаво беше што можевме да го доживееме моментот без веднаш да се јавуваме некому и да го споделуваме.

Подоцна, кога стигнавме до сигнал, се јавивме кај фамилијата Стојановски, па тие беа првите кои ја дознаа убавата вест.“

Полека го планираат и следниот голем чекор. Свадбата најверојатно ќе биде наредната година, а иако сè уште не ги знаат деталите, имаат јасна претстава што им е најважно за тој голем ден.

„Веќе започнавме со првите подготовки и размислувања околу свадбата, која најверојатно ќе биде во 2027 година. Сè уште сме на почеток и немаме до крај дефинирана визија, но сакаме денот да биде убав, весел и исполнет со луѓето кои ни се најблиски. Најважно ни е да уживаме во моментот и да создадеме убави спомени со нашето семејство и пријателите.“

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Доломити
предлог за брак

Најнови

  • Предлог за брак на Доломити

    Планинска идила и гласно „ДА“: Стефани и Тале се свршија на Доломитите

    Wed, 08/19/2026 - 12:50
  • Луксуз, јахта, кршење чинии, семеен собир... Мадона го прослави 68. роденден во Грција покрај децата и 30-годишниот партнер

    Wed, 08/19/2026 - 12:08
  • Реклама на Халкбанк

    Прва реклама во светот што чешка

    Wed, 08/19/2026 - 10:53
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.