• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Планините не се само дестинација, тие се втор дом и наша одговорност

14 март 2025, 13:41
  • cподели

Дали сте знаеле дека македонските планини, како што се Пелистер, Шар Планина или Водно, се вистински природни лекови? Прошетка низ Националниот парк Пелистер, познат по моликата и боровите, ги регенерира сите ваши клетки додека уживате во спектакуларниот поглед на Битолското поле. Пешачењето по стрмни патеки или качувањето на врвот на Шар Планина значително ги зајакнува белите дробови. А што е поубаво од освежување со чиста, изворска вода директно од планината?

Но планините не се само предизвик и физичка активност. Истражувањата покажуваат дека времето поминато во природа го намалува нивото на стрес и анксиозност. Јапонска студија докажала дека луѓето кои често се во шумски предели имаат намалено ниво на кортизол – хормонот на стресот. Со само една прошетка по некоја од македонските планински патеки, како онаа до врвот на Водно, можете брзо да се ослободите од секојдневниот стрес и негативни мисли.

Токму тоа го искусиле Ана и Мане од Adventure.mk, кои го посветиле својот живот на истражување на природата.

Ана и Мане

„Кога почнавме да ја разбираме природата, почнавме да го разбираме и животот, а гледајќи оттука – на секој му го посакуваме тоа чувство. Интересно е колку човек се менува кога ќе почне да ги истражува, набљудува и забележува процесите кои се случуваат таму“, велат тие.

За нив, како двајца авантуристи, планините не се само дестинација – тие се втор дом.

„Спиејќи под отворено небо и истражувајќи ги драгоцените богатства на Македонија, сфативме дека вистинската слобода се наоѓа на чекор од нас. Научивме да бидеме издржливи, да почитуваме и вреднуваме, да сме смирени и сталожени, и најважно од сѐ – да сме целосно присутни и неизмерно благодарни што ваквите богатства сѐ уште ги имаме на дланка“, додаваат тие.

Затоа, одговорноста за зачувување на природата е наша. Планините ни даваат толку многу, а сега е време да им се оддолжиме.

Кампањата која ја започна СКОПСКО потсетува дека тие се „Наша гордост, но и наша одговорност“. Со секое купено СКОПСКО или СКОПСКО смут во стаклена амбалажа, се издвојува по еден денар за заштита на македонските планини.

„Секој денар вложен во оваа иницијатива е чекор поблиску до долгорочната заштита на нашето природно наследство“, велат од СКОПСКО.

View this post on Instagram

A post shared by ANA & MANE | Adventure, Outdoor, Explore (@adventure.mk)

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.