• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Плачам со тебе“: Мајка им се обрати на сите жени кои носат голем емотивен товар

30 април 2019, 09:18
  • cподели

Не постои друго суштество на планетата, кое може да поднесе толку тешки удари и неправди, да даде толку жртви без да офне и толку многу да се смее кога внатрешно плаче, како што може мајката. Мајките се силни и флексибилни кога тоа им е најпотребно на нивните деца. Дури и ако плачат сами под тушот на крајот од денот.

Поради тоа, објавата на Британи Латам стана вирален хит на социјалните мрежи.

Во отворено писмо, таа им се обрати на сите жени, кои секојдневно сами се соочуваат со проблемите, за да им порача дека ги разбира и дека не се сами.

Еве ја нејзината објава:

Жена

За жената чиј сопруг наминува на едно конкретно место по работното време секоја вечер.

За жената која тагува за изгубената бременост за која никој друг не знаеше.

За жената која доби отказ по четвртото задоцнување затоа што беше будна цела недела со болно дете.

За самохраната мајка која не знае како ќе ги плати сметките овој месец.

За жената која има поминато низ две процедури за инвитро по пет години неуспешни обиди за забременување, но и покрај тоа, присуствува на сите бебешки прослави и крштевки на нејзините пријателки.

За жената која сè уште не може да си опрости што абортираше пред 20 години.

За жената која ја отворила вратата и слушнала дека сопругот ѝ бил убиен во странство три недели пред да се врати дома.

За жената која живее со тивка анксиозност, бидејќи никој не разбира за што би можела да биде под стрес.

За жената која постојано се жртвува за семејството секој ден и има потреба од пауза.

За жената која цел ден им се смее на непознати лица во јавност, а липа тивко навечер.

За жената која слушнала измислици за себе во црквата денес.

За жената која спие до „странец“ секоја вечер.

За жената чија генетика не дозволува да изгледа како жените од списанијата.

За жената која трпела една уништена врска по друга, бидејќи немала татко покрај себе за да ја научи како изгледа љубовта.

За жената која расте ќерка без татко и се моли историјата да не се повтори.

За секоја жена што плаче под тушот за никој да не ја види. Бидејќи ако ти не си силна, никој не е. Само затоа што водата ти ги мие солзите, не значи дека не плачеш.

Јас сум ти. Те гледам. Јас сум со тебе, плачам со тебе.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.