• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola отворија Активна зона во Штип

18 јули 2017, 16:40
  • cподели

Во Штип беше отворена „Coca-Cola Активна зона“, донација од Пивара Скопје и од компанијата Coca-Cola, со што, всушност, започна вториот циклус од долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola за донација на активни зони ширум земјава. Во рамките на овој проект, минатата година беа отворени пет, а годинава е предвидено отворање на уште пет рекреативно-спортски зони.

Зоните се состојат од најсовремена фитнес-опрема, 5 професионални фитнес-справи што ќе им бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.

Coca-Cola Активна зона Coca-Cola Активна зона

„Со продолжување на овој проект ја потврдуваме долгогодишната заложба на нашата компанија за промоција на спортот и рекреацијата, но и поддршката што ја даваме за добробит на заедницата. Минатата година се обврзавме дека активните зони ќе станат традиција и ќе ги има ширум земјата, а продолжувањето на проектот е доказ за тоа. Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola како општествено одговорни компании преку разни проекти и донации постојано вложуваат во заедницата. Ми претставува задоволство што со оваа донација и граѓаните од сите генерации на општина Штип добиваат место за рекреација во текот на целиот ден и верувам дека добро ќе се грижат за зоната и ќе ја користат секојдневно“, изјави директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

Coca-Cola Активна зона Coca-Cola Активна зона

„Се радувам што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola излегоа во пресрет на барањето на граѓаните на Општина Штип за донација на ’Coca-Cola Активна зона‘, упатено до нив уште минатата година кога започна проектот, и го остварија ветеното. Се надевам дека ’Coca-Cola Активната зона‘ ќе стане најпосетено место во градот, каде што Штипјани ќе имаат можност за рекреација, дружење и забава“, изјави м-р Илчо Захариев, градоначалник на Општина Штип.

Coca-Cola Активна зона

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа за промоција на активниот живот на Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola. Како дел од истата платформа, Пивара Скопје во изминативе години заедно со компанијата Coca-Cola реализираше низа успешни проекти. Меѓу нив позначајни се Coca-Cola фудбалскиот куп, 5-те бесплатни паркиралишта за велосипеди во Скопје, како и 5-те Coca-Cola Активни зони од првиот циклус во 2016 година.

Tags
Coca-Cola

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.